Нови цени на лекови

14.03.2014 16:25:32
во Соопштенија

Почитувани,

Согласно донесените одлуки за утврдување на максималните цени на големо на генерички, оригинатори и иновативни лекови Ве известуваме дека истите стапуваат во сила на 15.03.2014 година. Имајќи во предвид дека се намалуваат цените на поголем број на лекови, за да може да се усогласат цените помеѓу веледрогериите и аптеките, новите цени во аптеките треба да важат од 17.03.2014  после 23:30 часот.

Со Почит,

Министерство за здравство

Биро за лекови, Директор

М-р фарм. Катерина Алексоска

                                                                                             

СПИСОК НА ЛЕКОВИ - СО ДОБИЕНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ (во период 12/2013 - 03/2014)

12.03.2014 19:38:07
во Известувања

Списокот на лекови со добиено одобрение за паралелен увоз (во период 12/2013 - 03/2014) може да го симнете од атачментот. 

Известување за здравствени установи со склучен договор за лиценца

06.03.2014 14:54:27
во Известувања

Се известуваат сите здравствени установи кои имаат склучено Договор за лиценца (концесија) за вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствени установи дека месечниот надомест за лиценца (концесија), кој досега го уплатуваа на сметката наведена во Договорот за лиценца (концесија), во иднина треба да го уплатуваат на следната сметка:

 

Примач:

Министерство за здравство

Банка:

НБРМ

Сметка:

100000000063095

Сметка на буџетски корисник:

190010043478719

Приходна шифра:

723819, програма 30

Цел на дознака:

Надомест за лиценца за месец ____

 

Промената на податоците е само во програмата, односно наместо на програма 10, треба да се плаќа на програма 30.

БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ НА ЛЕКОВИ

20.01.2014 12:29:41
во Известувања

Во прилог може да го симнете образецот за добивање на одобрение за паралелен увоз на лекови.

Решение за одобрување на цени на генерички, оригинатори и иновативни лекови

15.10.2013 14:42:57
во Соопштенија

Во прилог решенијата за одобрување на цена на генерички лекови, лекови оригинатори и иновативни лекови

 

Известување за новите цени на лековите

10.10.2013 16:56:47
во Соопштенија

Почитувани,

Согласно донесените одлуки за утврдување на максималните цени на големо на генерички, оригинатори и иновативни лекови ве известуваме дека истите стапуваат во сила на 15.10.2013 година. Имајќи во предвид дека се намалуваат цените на поголем број на лекови, за да може да се усогласат цените помеѓу веледрогериите и аптеките, новите цени во аптеките треба да важат од 15.10.2013 после 23:30 часот.

Со Почит,

Биро за лекови,

Министерство за здравство

известување за pramipexole

24.09.2013 13:14:58
во Соопштенија

Почитувани матични лекари,

 

На барање од клиниката за неврологија, сакаме да ве известиме околу препишувањето на генериката pramipexole поточно на јачините од 0.18 mg и 0.7 mg. Препишувањето лекот со овие две јачини нема да биде електронски и прави проблем при реализацијата во аптеките. Имено овие две јачини се еквиваленти со јачините од 0.25 mg и 1 mg соодветно.

За да ви бидат рецептите електронски креирани, ве молиме користете ги овие јачини при селекцијата на генериката, односно pramipexole 0.25 mg и pramipexole 1 mg

Известување за матични леркари

01.08.2013 01:58:46
во Известувања

Почитувани матични лекари,

Поради одредени нејаснотии и проблеми при креирањето на електронските рецепти, Ви праќаме известување околу точните генерички називи на одредени лекови(лекови кои се композиција на повеќе генерики) генерички имиња кои мора да ги запазите во точен редослед при препишувањето на еден рецепт за истиот да се креира електронски и да биде доделено бројче на истиот.

Лековите AMOKSIKLAV 2X, AUGMENTIN, PANKLAV, PANKLAV 2 X, PANKLAV forte ја имаат следната генерика amoxicillin, clavulanic acid

Лековите BELOSALIC, BETASALIK ја имаат следната генерика betamethasone, salicylic acid

Лековите CARBIDOPA/LEVODOPA, LEVODOPA+KARBIDOPA, SINEMET CR ја имаат следната генерика carbidopa, levodopa

Лекот STALEVO ја има генериката levodopa, carbidopa, entacapone

Лековите KREON и PANAZE ја имаат следната генерика lipase, protease, amilase (multienzymes)

Лекот DEPAKINE CHRONO ја има следната генерика sodium valproate, valproic acid

Лековите BACTRIM, KOTRIMOKSAZOL, PRIMOTREN, TRIMOKSAZOL ја имаат следната генерика sulfamethoxazole, trimethoprim

Лековите LIDAPRIM, LIDAPRIM for children, ја имаат следната генерика sulfametrole, trimethoprim

Лековите DEX-TOBRIN, TOBRADEX, ја имаат следната генерика tobramycin, dexamethasone

ЛекотBIVACYN ја има следната генерика neomycin, bacitracin

Лекот FOSAVANCE ја има следната генерика alendronate sodium, colocalciferolедната генерика neomycin, bacitracin

Лекот FOSTER 100/6 μg ја има следната генерика formoterol, beclometasone

Лекот SYMBICORT Turbuhaler ја има следната генерика formoterol, budesonide

Исто така, сакаме да напомениме да внимавате на креирањето на рецепти кон лекови кои имаат продолжено или модифицирано ослободување (plg. и mod. соодветно). Такви се на пример лековите со следните генерики:

metformin

tabl. plg.

alprazolam

tabl. mod.

aminophylline

tabl. plg.

carbamazepine

tabl. plg.

clarithromycin

tabl. mod.

diclofenac

tabl. mod.

diclofenac

tabl. plg.

diclofenac

caps. plg.

diltiazem

tabl. plg.

glyceryl trinitrate

caps. plg.

isosorbide dinitrate

caps. plg.

ketoprofen

tabl. plg.

nifedipine

tabl. plg.

nifedipine

tabl. mod.

pentoxifylline

tabl. plg.

pramipexole

tabl. plg.

sodium valproate,
valproic acid

tabl. plg.

tamsulosin

caps. mod.

tamsulosin

tabl. plg.

tramadol

tabl. plg.

verapamil

tabl. mod.

Посебно внимавајте на генериките metformin и pentoxifylline, бидејќи тие се јавуваат и како обични таблети и како таблети со продолжено ослободување.

Доколку креирате рецепт со генерика pentoxifylline tabl. 500mg (обична таблета без продолжено ослободување), фармацевтот ќе може да реализира само еден лек, односно само пентоксифилинот на АД Јака 80 – Радовиш, а доколку рецептот го креирате со генерика pentoxifylline tabl. plg. 500mg тогаш ќе бидат достапни и останатите лекови.

За точните називи на генеричките имиња, посетувајте ја страната на Бирото за Лекови (https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/). Таму може да пребарувате, по генерика, по заштитено име на лек и по производител.

За промена на матичен лекар (одјава од стар и пријавување кај нов лекар) задолжително да се користи порталот на фондот за здравствено осигурување ( https://portal.fzo.org.mk/ )

Само преку тој начин ажурирањето на податоците на пациентот околу избраниот лекар директно ќе бидат изменети и во Вашите програми! За тој начин покрај Вашата ЕЗК, потребна е и ЕЗК на пациентот за дигитално потпишување на барањето за промена на избран лекар. Рокот за аплицирање за ЕЗК беше 30.06.2013 година.

Известување за pentoxifylline

15.07.2013 10:30:12
во Известувања

Почитувани,

Кај многу од Вас настанаа недоразбирања околу реализацијата на електронски рецепти за генериката pentoxifylline. Имено pentoxifylline-от како таблета се јавува во две различни форми:

  1. Обложена таблета (tabl.) и 
  2. Филм-обложена таблета со продолжено ослобдување (tabl. plg.)

Доколку матичниот лекар препише pentoxifylline tabl. 400 mg (обична таблета), при реалзиацијата на тој рецепт ќе биде понуден само Пентоксифилинот на АД Јака 80

Доколку матичниот лекар препише pentoxifylline tabl. plg. 400 mg (таблета со продолжено ослободување), при реализацијата ќе може да ги одберете еден од трите лекови:

  • Пентилин на Крка
  • Пентоксифилин Алкалоид на Алкалоид
  • Пентоксифилин Ретард на Реплек

Известување за електронски рецепт

09.07.2013 10:46:49
во Известувања

Почитувани,

Поради етапното стартување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, Ве известуваме дека секој електронски рецепт што ќе стигне во Вашата аптека сте должни електронски да го реализирате.

Проектот стартува етапно во секоја општина посебно. Не чекајте да дојде први август, за да се увидат одредени недостатоци при реализацијата.