Име на лекот (кирилица):
КОЛИСТИН АЛВОГЕН
Име на лекот (латиница):
COLISTIN ALVOGEN
Генеричко име
colistin (colistimethate)
Фармацевтска форма
прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Пакување
1 стаклена вијала/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
колистиметат натриум, стерилен. . . 1MIE
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
XELLIA Pharmaceuticals ApS, Копенхаген, Данска
Носител на одобрение
АЛВОГЕН ПХАРМА Македонија дооел
Датум на решение
21.08.2020
Малопродажна цена со ДДВ
371.31
Големопродажна цена без ДДВ
336.79
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
COLISTIN ALVOGEN може да се дава како интравенска инфузија (50 ml) со времетраење од 30 минути. Кај пациентите со тотално имплантиран венски пристап (TIVAD) може да се аплицираат до 2 милиони единици (во 10 ml) преку болус инјектирање со времетраење од минимум 5 минути. Дозата се одредува во согласност со тежината и типот на инфекцијата, возраста, телесната тежина и реналната функција на пациентот. Во случај на слаб клинички или бактериолошки одговор дозата може да се зголеми во зависност од клиничката состојба на пациентот.
Се препорачува да се следи серумската концентрација; ова особено се однесува на пациенти со ренално оштетување и новороденчиња. Во поголемиот број на случаи задоволителен ефект се постигнува при концентрација од 10-15 mg/L (околу 125-200 единици/ml) колистиметат натриум.
Вообичаено препорачано времетраење на третманот е 5 дена.
Деца и возрасни пациенти (вклучително и постари лица)
• телесна тежина до 60 kg: препорачана дневна доза е 50000 единици/kg до максимум 75000 единици/kg. Вкупната дневна доза може да се подели во три помали дози кои ќе се аплицираат на временски интервал од 8 часа.
• телесна тежина над 60 kg: препорачана доза е 1-2 милиони IU три пати на ден. Максимална дозволена доза е 6 милиони IU во период од 24 часа.