Предуслови едно лице да може да креира барање за корисник се:
Кога се регистрирате на Системот за единствена најава (СЕН), внесувате ваше корисничко име (е-маил адреса) и лозинка, со што се формира вашиот профил на СЕН. Понатаму, во процесот на регистрација се вршат одредени проверки со цел поврзување на вашиот профил на СЕН со вашиот идентитет. По успешно завршените проверки, се креира вашиот eID.
Со вашиот eID, со автентикација на СЕН со корисничко име и лозинка или дигитален сертификат за електронски потпис, можете да се најавите на Националниот портал за е-услуги и електронските системи кои се интегрирани со СЕН.
Повеќе информации на https://uslugi.gov.mk/e-id.nspx