Име на лекот (кирилица):
КАЛМЕНТЕ
Име на лекот (латиница):
KALMENTE
Фармацевтска форма
спреј за нос, суспензија
Пакување
1 шише х 18 g суспензија,
спреј за нос (140 дози)/кутија
Состав
1 распрсната доза содржи:
мометазон фуроат монохидрат. . . 51,73 mcg (еквивалентно на 50 mcg мометазон фуроат анхидрат)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
FARMEA, Анже, Франција
Носител на одобрение
АЛВОГЕН ПХАРМА Македонија дооел
Датум на решение
10.02.2021
Малопродажна цена со ДДВ
369.01
Големопродажна цена без ДДВ
274.56
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Сезонски или целогодишен алергиски ринитис
Возрасни (вклучително и геријатриски пациенти) и деца на возраст од 12 години и повеќе: Вообичаената препорачана доза изнесува две распрснувања (50 микрограми/доза) во секоја ноздрва, еднаш на ден (вкупна доза 200 микрограми). Откако ќе се постигне контрола на симптомите, намалување на дозата на 1 распрснување, во секоја ноздрва (вкупна доза од 100 микрограми) може да биде ефикасно за одржување.
Во колку не се постигне соодветна контрола на симптомите, дозата може да се зголеми до максимална дневна доза од 4 распрснувања во секоја ноздрва, еднаш на ден (вкупна доза 400 микрограми). Препорачливо е дозата да се намали по постигнувањето на контрола на симптомите.
Деца на возраст од 6 до 11 години: Вообичаената препорачана доза изнесува едно распрснување (50 микрограми/доза), во секоја ноздрва, еднаш на ден (вкупна доза 100 микрограми).
Мометазон фуроат спреј за нос манифестирал клинички сигнификантен почеток на дејство во рамките на 12 часа по првата доза кај некои пациенти со сезонски алергиски ринитис; меѓутоа, целосната корист од третманот може да не се постигне во првите 48 часа. Поради тоа, за да постигне оптимален ефект од третманот, пациентот треба да продолжи со редовна употреба на лекот.
Назални полипи
Вообичаена препорачана почетна доза за полипи е две распрснувања (50 микрограми/ распрснување), во секоја ноздрва, еднаш на ден (вкупна дневна доза од 200 микрграми). Доколку по 5 до 6 недели не се постигне соодветна контрола на симптомите, дозата може да се зголеми до дневна доза од 2 распрснувања, во секоја ноздрва, два пати на ден (вкупна дневна доза од 400 мцг). По постигнувањето на ефикасна контрола на симптомите, дозата треба да се намали до употреба од еднаш на ден. Во колку со администрација од два пати на ден не се постигне подобрување после 5 до 6 недели, треба да се размисли за примена на алтернативна терапија.
Студиите за процена на ефикасноста и безбедноста на мометазон фуроат спреј за нос за третман на назални полипи се изведени во времетраење до 4 месеци.