Име на лекот (кирилица):
ХЕМАФЕР-С
Име на лекот (латиница):
HEMAFER-S
Генеричко име
saccharated iron oxide
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање/концентрат за раствор за инфузија
Пакување
5 стаклени ампули х 5 ml/кутија
Состав
1 ml раствор/концентрат содржи:
железо (III) хидроксид сахарозен комплекс. . . 540 mg (еквивалентен на 20 mg Fe 3+)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
UNI PHARMA KLEON TSETIS PHARMACEUTICAL LABORATORIES S.A., Кифисија, Грција
Носител на одобрение
ФАРМАГЕН дооел
Датум на решение
18.11.2016
Датум на важност
18.11.2021
Малопродажна цена со ДДВ
2299.8
Големопродажна цена без ДДВ
1825.24
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање за Hemafer-S
Вкупната единечна доза не треба да надминува 200 mg железо, администриран не повеќе од три пати неделно.
Доколку вкупната неопходна доза ја надминува максималната единечна доза, дозите треба да се поделат.
Употреба кај деца
Употребата на ХЕМАФЕР-С® кај деца не е соодветно проучена, затоа се препорачува овој лек да не се користи кај деца.
Интравенска инфузија
Лекот може единствено да се дилуира само со стерилен раствор на 0,9% натриум хлорид:
• 5 ml ХЕМАФЕР-С® (100 mg железо) до максимум 100 ml стерилен раствор на 0,9% натриум хлорид.
• 10 ml ХЕМАФЕР-С® (200 mg железо) до максимум 200 ml стерилен раствор на 0,9% натриум хлорид.
Заради причини поврзани со стабилноста на растворот не се дозволени раствори на ХЕМАФЕР-С® со пониска концентрација.
Дилуирањето треба да се направи веднаш пред администрацијата и истата треба да се одвива на следниов начин:
• 100 mg железо во времетраење од најмалку 15 минути.
• 200 mg железо во времетраење од најмалку 30 минути.
Интравенска инјекција
ХЕМАФЕР-С® може да се администрира и како бавна интравенска инјекција со брзина на инјектирање од 1 ml дилуиран раствор во минута (односно една ампула за 5 минути) a максимална количина на една инјекција е 2 ампули (200 mg железо).
Инјекција за време на хемодијализа
ХЕМАФЕР-С® може да се администрира и за време на хемодијализа, директно во венскиот дел од апаратурата за хемодијализа, на ист начин како што се изведува интравенската инјекција