Име на лекот (кирилица):
ТОБРАВИС КОМБО
Име на лекот (латиница):
TOBRAVIS COMBO
Генеричко име
tobramycin, dexamethasone
Фармацевтска форма
капки за око, суспензија
Пакување
LDPE шише со HDPE затворач и LDPE капалка х 5 ml/кутија
Состав
1 ml раствор содржи:
тобрамицин. . . 3 mg
дексаметазон. . . 1 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
S.C.Rompharm Company S.R.L. , Илфов, Романија
Носител на одобрение
ФАРМА ТРЕЈД дооел
Датум на решение
12.12.2022
Малопродажна цена со ДДВ
147.84
Големопродажна цена без ДДВ
110
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Една капка се става во конјуктивилната кеса/и на секои 4 до 6 часа, во будна состојба. Во текот на почетните 24 до 48 часа, дозата може да се зголеми на една капка на секои два часа, во будна состојба. Дозирањето треба да продолжи 14 дена но да не надмине максимум 24 дена. Фреквенцијата треба постепено да се намалува со подобрувањето на клиничките знаци. Треба да се внимава да не се прекине терапијата предвреме. TOBRAVIS COMBO може да се користи кај деца на возраст од 2 години и постари со иста доза како кај возрасни лица.