Име на лекот (кирилица):
ФЛЕБАВЕН
Име на лекот (латиница):
FLEBAVEN
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
диосмин, микронизиран. . . 1000 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава и без лекарски рецепт (БР).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
14.03.2023
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Хронична венска болест
Препорачана дневна доза е 1 таблета.
Овој лек мора да го земате најмалку 4 до 5 недели за да забележите подобрување. Ако симптомите на вашата болест се влошат или ако не се подобрат по шест недели од терапијата, треба да се советувате со вашиот лекар.
Самостојното лекување без советување со лекар може да трае 3 месеци. Сепак, може да продолжите да го земате Флебавен подолго време, ако вашиот лекар утврди дека не ви е потребно друго специфично лекување.
Акутни хемороиди
Препорачана дневна доза во првите 4 дена од лекувањето е 3 таблети. Во следните 3 дена, препорачана дневна доза е 2 таблети.
Потоа, се препорачува доза на одржување од 1 таблета дневно.
Ако симптомите не се подобрат или ако се влошат по 7 дена од терапијата, треба да се консултирате со вашиот лекар. Самостојното лекување со Флебавен може да трае 15 дена. Ако симптомите не се повлечат во рамки на овој период, треба да се советувате со вашиот лекар.