Име на лекот (кирилица):
КЛЕКСАН
Име на лекот (латиница):
CLEXANE
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Јачина
2000 IU (20 mg)/0,2 ml
Пакување
2 наполнети инјекциски шприца x 0,2 ml + игли/кутија
Состав
0,2 ml раствор за инјектирање (1 наполнет инјекциски шприц) содржи еноксапарин натриум... 20 mg (2000 IE)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
SANOFI Winthrop Industrie, Маисон - Алфорт, Франција, Sanofi Winthrop Industrie, Ле Траит, Франција, CHINOIN Pharmaceutical and Chemical Works Private Co. ltd, Мисколц, Унгарија
Носител на одобрение
САНОФИ-АВЕНТИС МАКЕДОНИЈА дооел
Број на решение
15-4480/13
Датум на решение
28.11.2013
Малопродажна цена со ДДВ
198.86
Големопродажна цена без ДДВ
147.96
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
возрасни (длабоко поткожно); превентива од венска тромбоза: 1 x 20-40 mg
на ден; терапија на длабока венска тромбоза: 100 анти-Xa IU/kg на секои 12 часа во тек на 10 дена; Терапија на нестабилна ангина и не-Q-инфаркт на миокард:Се препорачува доза од 100 анти-Xa IU/kg еноксапарин, двапати на ден, на 12 часа, како субкутана инјекција. Кај овие пациенти, истовремено со еноксапарин се дава ацетилсалицилна киселина (се почнува со минимална ударна доза од 160 mg, а потоа се даваат 75-325 mg на ден, перорално). Препорачано времетраење на третманот е 2-8 дена.
Терапија на акутен инфаркт на миокардот со елевација на СТ-сегментот во комбинација со тромболитичен лек кај пациенти кои се подобни или не, за коронарна ангиопластика:препорачана доза на еноксапарин натриум е 3000 анти-Xa IU како интравенски болус придружено со 100 анти-Xa IU/kg како субкутана инјекција, аплицирани за време од 15 минути, а потоа на секои 12 часа (максимум 10000 анти-Xa IU за првите две субкутани дози). Лекот не смее да се применува i.m."