Име на лекот (кирилица):
ФУРОСЕМИД ЗЕНТИВА
Име на лекот (латиница):
FUROSEMID ZENTIVA
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
фуросемид. . . 40 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
LABORMED Pharma S.A., Букурешт, Романија
Носител на одобрение
ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Датум на решение
26.11.2019
Малопродажна цена со ДДВ
73.92
Големопродажна цена без ДДВ
55
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Се применува најниската доза која е доволна за да се достигне бараниот ефект.
FUROSEMID ALVOGEN има исклучително широк терапевтски опсег, при што ефектот е пропорционален на дозата. Најдобро е FUROSEMID ALVOGEN да се дава во една доза, или еднаш дневно, или во одредени денови (пр. секој втор ден).
Вообичаената почетна доза изнесува 40 mg. Може да биде потребно прилагодување на дозата, се додека се постигне ефективна доза, која ќе биде доза на одржување.
Во полесни случаи, 20 mg дневно, или 40 mg на секој втор ден може да се доволни, додека во случаи на резистентен едем, дневни дози од 80 mg и повеќе, може да се употребат како една или две дози дневно, или во интермитентен режим.Кај тешки случаи може да е неопходна постепена титрација на дозата на фуросемид, се до 600 mg дневно. Препорачаната максимална дневна доза на фуросемид изнесува 1500 mg.
Деца
Оралните дози за деца се движат од 1 до 3 mg/kg телесна тежина до максимална вкупна доза од 40 mg/ден.
Постари лица
Дозните препораки се исти како за возрасните, но кај постарите лица, фуросемидот поспоро се елиминира. Дозата треба да се титрира се додека не се постигне бараниот одговор.