Име на лекот (кирилица):
АМИНОФИЛИН АЛКАЛОИД
Име на лекот (латиница):
AMINOFILIN ALKALOID
Генеричко име
aminophylline
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
50 ампули х 10 ml/кутија
Состав
10 ml раствор (1 ампула) содржи:
теофилин безводен . . . 197,35 mg
(еквивалентен на 250 mg теофилин-етилендиамин, безводен дихидрат)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Датум на решение
18.05.2016
Малопродажна цена со ДДВ
879.38
Големопродажна цена без ДДВ
703.5
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
пациенти кои претходно не примале теофилински производи:
Ударна доза аминофилин, од 6 mg/kg телесна тежина, може да се даде со бавна интравенска инјекција, притоа не надминувајќи ја стапката од 25 mg/min.
Во зависност од состојбата на пациентот, дозата на одржување за следните 12 часа може да се пресмета како што следува: деца на возраст од 6 месеци до 9 години: 1,2 mg/kg/час (да се намали на 1 mg/kg/час по 12 часа); деца на возраст од 9 години до 16 години и возрасни пушачи: 1 mg/kg/час (да се намали на 0,8 mg/kg/час по 12 часа); здрави возрасни непушачи: 0,7 mg/kg/час (да се намали на 0,5 mg/kg/час по 12 часа); постари пациенти и пациенти со пулмонално срце: 0,6 mg/kg/час (да се намали на 0,3 mg/kg/час по 12 часа); Пациенти со конгестивна срцева слабост или со хепатална болест 0,5 mg/kg/час (да се намали на 0,1–0,2 mg/kg/час по 12 часа).
Пациенти кои веќе примаат теофилински производи: дозата на одржување треба да се приспособи врз основа на податокот дека секој 0,5 mg/kg теофилин, кој се дава како ударна доза, ќе резултира со зголемување на серумската. Идеално би било ударната доза да се одложи додека не се утврдат серумските нивоа на теофилин. Ако тоа не е можно и ако клиничката состојба налага апликација на лекот, дозата од 3,1 mg/kg аминофилин (еквивалентен на 2,5 mg/kg анхидричен теофилин) концентрација на теофилин од 1 mcg/ml.