Име на лекот (кирилица):
АНЕКСАТ
Име на лекот (латиница):
ANEXATE
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
5 ампули х 10 ml/кутија
Состав
10 ml раствор (1 ампула) содржи:
флумазенил . . . 1 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
F. HOFFMANN-LA ROCHE Ltd, Базел, Швајцарија
Местa на производство
Cenexi SAS, Фонтенаи соус Боис, Франција
Носител на одобрение
ХОФФМАНН - ЛА РОШЕ лтд. Претставништво во Р. Македонија
Број на решение
15-574/2-10
Датум на решение
17.06.2010
Датум на важност
28.03.2015
Малопродажна цена со ДДВ
6301.49
Големопродажна цена без ДДВ
5001.18
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
При анестезија: Препорачана иницијална доза на Анексат е 0,2mg, кои и.в се аплицираат во тек на 15 секунди. Доколку посакуваниот степен на свест не се постигне во време од 60 секунди, втора доза од 0,1mg може да биде инјектирана; доколку е потребно ова може да се повтори во интервал од 60 секунди до тотална доза од 1mg. Вообичаена доза е од 0,3 до 0,6 mg, но индивидуалните потреби се многу важни и се разликуваат зависно од дозата и должината на ефектот на аплицираниот бензодиазепин и особините на пациентот.
При интензивна нега и водење на безсвесна состојба од непознато потекло: Препорачана иницијална доза на Анексат аплициран и.в. е 0,3mg. Доколку потребното ниво на свест не се постигне во време од 60 секунди, Анексат може да се аплицира повторно се додека пациентот не се разбуди или се до тотална доза од 2mg. Доколку поспаноста се повтори Анексат може да се аплицира во една или повеќе болус и.в дози како погоре или како и.в инфузија од 0,1 - 0,4mg за 1 час. Нивото на инфузијата треба биде прилагодено индивидуално според саканиот ефект.