Име на лекот (кирилица):
АСПИРИН плус Ц
Име на лекот (латиница):
ASPIRIN plus C
Генеричко име
acetylsalicylic acid, ascorbic acid
Фармацевтска форма
шумлива таблета
Пакување
10 шумливи таблети (стрип 5 x 2)/кутија
Состав
1 шумлива таблета содржи:
ацетилсалицилна киселина . . . 400 mg аскорбинска киселина . . . 240 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава и без лекарски рецепт (БР).
Производители:
BAYER Bitterfeld GmbH, Битерфелд-Волфен, Германија
Носител на одобрение
Bayer d.o.o. Ljubljana, Претставништво
Број на решение
15-2424/13
Датум на решение
12.09.2013
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Возрасни: 1 до 2 шумливи таблети (400 до 800 mg ацетилсалицилна киселина), што може повторно да се земат по 4 до 8 часа. Максимална дневна доза е 10 шумливи таблети (4000 mg ацетилсалицилна киселина).
Деца над 12 годишна возраст:
Препорачана дневна доза на ацетилсалицилна киселина е 60 mg/кg телесна маса разделено на 4 до 6 одделни дози (15 mg/кg на секои 6 часа или 10 mg/кg на секои 4 часа). Се препорачува еднократна доза од 1 шумлива таблета (400 mg ацетилсалицилна киселина).
Растворете ја шумливата таблета во чаша вода и испијте ја.
Аспирин Плус Ц не треба да се користат повеќе од 3-5 денови без консултација со доктор.