Име на лекот (кирилица):
АТОРИС
Име на лекот (латиница):
ATORIS
Генеричко име
atorvastatin
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 филм-обложени таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
аторвастатин . . . 40 mg (во форма на калциумова сол)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
11.01.2017
Малопродажна цена со ДДВ
350.52
Големопродажна цена без ДДВ
267.62
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Вообичаена почетна доза на лекот Аторис е 10 mg еднаш дневно кај возрасни и кај деца на 10 годишна возраст или постари. Ако вашиот лекар процени дека е неопходно, може да ви ја зголеми дозата се до постигнување на посакуваниот ефект. Лекарот ќе ви ја прилагодува дозата на растојание од 4 недели или повеќе. Максимална доза на лекот Аторис е 80 mg еднаш дневно за возрасни и 20 mg еднаш дневно за деца.