Име на лекот (кирилица):
БЛОКСАН
Име на лекот (латиница):
BLOXAN
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
метопролол тартарат . . . 100 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10011/14
Датум на решение
15.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
173.98
Големопродажна цена без ДДВ
129.45
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Висок крвен притисок (хипертензија): Почетна доза е 1 таблета (100 mg) еднаш дневно или ½ таблета (50 mg) два пати дневно. Доколку одговорот на терапијата е несоодветен, вашиот лекар може постепено да ви ја зголеми дозата или да додаде друг лек. Не треба да земате повеќе од 4 таблети (400 mg) дневно.
Градна болка (ангина пекторис): Почетна доза е ½ таблета (50 mg) два пати дневно. Вашиот лекар може постепено да ви ја зголеми дозата. Не треба да земате повеќе од 4 таблети (400 mg) дневно.
Нарушувања на срцевиот ритам (аритмија): Почетна доза е ½ таблета (50 mg) два пати дневно. Вашиот лекар може постепено да ви ја зголеми дозата. Не треба да земате повеќе од 4 таблети (400 mg) дневно.
Срцев удар: За време на првите 48 часа по срцев удар, дозата е ½ таблета (50 mg) на секои 6 часа, проследено со 1 таблета (100 mg) два пати дневно.
Спречување на напади на мигрена: Дозата е ½ таблета (50 mg) до 1 таблета (100 mg) два пати дневно.
Дополнителна терапија на заболувања на срцето и крвните садови при прекумерно активна тироидна жлезда: Дозата е ½ таблета (50 mg) два до четири пати дневно. Лекарот може постепено да ви ја намали дозата.
Доколку имате заболување на црниот дроб или истовремено земате други лекови, лекарот може да ви препише пониски дози.