Име на лекот (кирилица):
ЦИТЕРАЛ
Име на лекот (латиница):
CITERAL
Генеричко име
ciprofloxacin
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
10 таблети (блистер 1 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
ципрофлоксацин хидрохлорид монохидрат . . . 291,5 mg
(еквивалентен на 250 mg ципрофлоксацин)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Број на решение
15-3939/14
Датум на решение
03.10.2014
Малопродажна цена со ДДВ
74.66
Големопродажна цена без ДДВ
55.55
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Возрасни: инфекции на горните и долните респираторни патишта- 500-750 mg двапати дневно; некомплициран циститис- 250-500 mg двапати дневно; комплициран циститис, некомплициран пиелонефритис- 500 mg двапати дневно; комплициран пиелонефритис, простатитис-500-750 mg двапати дневно; гонококен уретритис и цервицитис- 500 mg како единечна доза; инфекции на гастро-интестиналниот тракт и интраабдоминални инфекции, инфекции на кожата и меките ткива, инфекции на коските и зглобовите-500-750 mg двапати дневно; инхалационен антракс и постекспозициска профилакса- 500 mg двапати дневно;. Деца: цистична фиброза: 20 mg/kg телесна тежина двапати дневно, комплицирани инфекции на уринарните патишта и пиелонефритис: 10 mg/kg телесна тежина двапати дневно, до 20 mg/kg телесна тежина двапати дневно; инхалационен антракс, постекспозициска терапија: 10 mg/kg телесна тежина 2 пати дневно, до 15 mg/kg телесна тежина двапати дневно.