Име на лекот (кирилица):
ЦИТЕРАЛ
Име на лекот (латиница):
CITERAL
EAN код:
5310001207960
Генеричко име
ciprofloxacin
АТЦ
S03AA07
Фармацевтска форма
капки за око и уво, раствор
Јачина
3 mg/1 ml
Пакување
стаклено шишенце х 5 ml + PE капалка/кутија
Состав
1 ml раствор содржи: ципрофлоксацин . . . 3,5 mg (еквивалентен на 3 mg ципрофлоксацин хидрохлорид монохидрат)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Производители:
АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Број на решение
15-6553/14
Датум на решение
31.12.2014
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
137.09
Големопродажна цена без ДДВ
102
Референтна цена
82.46
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
964638
Проширен АТЦ
S03AA07002
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Бактериски конјунктивитис 1 до 2 капки во заболеното око (очи), четири пати на ден. Во случај на тешки инфекции, во текот на првите два дена треба да се ставаат 1 до 2 капки на секои два часа, освен во текот на спиењето. Корнеални улкуси Првиот ден: 2 капки на секои 15 минути, во тек на првите 6 часа, а потоа две капки во болното око на секои 30 минути. Вториот ден 2 капки во болното око секој час. Од третиот до четиринаесеттиот ден треба да се капнуваат по две капки во болното око на секои 4 часа. Терапијата може да продолжи и по 14-тиот ден. За секоја од индикациите се препорачува максимално времетраење на терапијата од 21 ден. Деца Безбедноста и ефикасноста на Цитерал капките кај деца под 1 година не е утврдена. Дозата кај деца над 1 година е како кај возрасни. Инфекции на увото Вообичаено дозирање е 3-4 капки во ушниот канал, два до четири пати во текот на денот.Времетраењето на терапијата е од 5 до 10 дена.
Браилово писмо
Да