Име на лекот (кирилица):
КОРИОЛ
Име на лекот (латиница):
CORYOL
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
28 таблети (блистер 4 х 7)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
карведилол . . . 25 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
05.06.2018
Малопродажна цена со ДДВ
231.86
Големопродажна цена без ДДВ
172.52
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Лекот земајте го по оброк, со вода. Вашиот лекар ќе ви го прилагоди дозирањето во зависност од вашата состојба и ќе го одреди времетраењето на лекувањето.
Вообичаени дози на лекот Кориол
Висок крвен притисок (хипертензија)
Почетна доза е 1 таблета од 12,5 mg дневно (наутро) или 1 таблета од 6,25 mg два пати дневно (наутро и навечер). Вашиот лекар може постепено да ви ја зголемува дозата. Максимална препорачана доза е 1 таблета од 25 mg два пати дневно.
Градна болка (хронична стабилна ангина пекторис)
Почетна доза е 1 таблета од 12,5 mg два пати дневно. Вашиот лекар може постепено да ви ја зголемува дозата. Максимална препорачана доза е 1 таблета од 25 mg два пати дневно.
Хронична срцева слабост
Почетната доза е многу ниска: 1 таблета од 3,125 mg два пати дневно. Вашиот лекар внимателно ќе ви ја зголемува дозата се додека не се постигне најсоодветната доза. Во тек на првите 2 до 3 часа по почетната доза или по зголемување на дозата, вашиот лекар внимателно ќе ја следи вашата состојба и ќе провери како го поднесувате лекот.
Максимална препорачана доза е 1 таблета од 25 mg два пати дневно. Доколку вашата телесна тежина е поголема од 85 kg, може да земате максимално 2 таблети од 25 mg два пати дневно.
Лекот Кориол вообичаено се зема дополнително со други лекови за лекување на срцева слабост. Доколку се чувствувате полошо по земање на било која доза (на пример, се чувствувате поуморно или дишењето ви е отежнато), советувајте се со вашиот лекар колку што е можно побрзо.
Нарушена функција на срцето по срцев удар
Почетна доза е 1 таблета од 6,25 mg два пати дневно. Вашиот лекар може постепено да ви ја зголемува дозата (на интервали од 3 до 10 дена) до 1 таблета од 12,5 mg два пати дневно и потоа до 1 таблета од 25 mg два пати дневно. Доколку не ја поднесувате добро почетната доза, вашиот лекар ќе ви ја намали дозата на 1 таблета од 3,125 mg два пати дневно во тек на 3 до 10 дена. Потоа дозата може постепено да се зголемува. Максимална препорачана доза е 1 таблета од 25 mg два пати дневно
Доколку имате срцева слабост или ако истовремено земате некои други лекови, вашиот лекар може да ви препише доза пониска од вообичаената.