Име на лекот (кирилица):
ДЕКСАМЕТАЗОН КРКА
Име на лекот (латиница):
DEXAMETHASON KRKA
Генеричко име
dexamethasone
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
25 ампули x 1 ml/кутија
Состав
1 ml раствор (1 ампула) содржи:
дексаметазон натриум фосфат . . . 4,37 mg
(одговара на 4 mg дексаметазон фосфат)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-8164/12
Датум на решение
30.04.2013
Малопродажна цена со ДДВ
541.12
Големопродажна цена без ДДВ
412.28
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирањето ќе го определи лекарот во зависност од заболувањето на пациентот, очекуваното времетраење на лекувањето, подносливоста на лекот и резултатот од лекувањето. Затоа, точната доза, честотата на давање на инјекциите и траењето на лекувањето, секогаш го определува лекарот.
Инјекциите дексаметазон можат да се даваат во вена, мускул, зглоб, во пределот околу зглобот или во некое друго ткиво кое се лекува или пак по пат на инфузија (со глукозен или физиолошки раствор).
Препорачаните просечни почетни дневни дози за инјектирање во вена или мускулно се во опсег од 0,5 mg до 9 mg или повеќе, доколку е потребно. Почетните дози на дексаметазон ќе ги примате се до почеток на дејството и тие потоа постепено ќе бидат намалувани се додека не се утврди најниската доза потребна за одржување на посакуваното дејство. Кога лекувањето со високи дози трае повеќе од неколку дена, дозата треба постепено да се намалува во текот на неколку последователни дена или дури и подолго.
Препорачана доза за лекување со инјекции кои се даваат во зглоб е од 0,4 mg до 4 mg. Дозата зависи од големината на засегнатиот зглоб. Инјектирањето во зглобот може да се повтори по 3 до 4 месеци. Инјекцијата не треба да се дава во истиот зглоб повеќе од 3 до 4 пати во животот и не треба да се дава во повеќе од два зглоба во исто време.
При лезии на кожата (патолошки промени на кожата или кожни промени предизвикани од повреда), се употребува истата доза на дексаметазон како при примена во зглоб.
Препорачана доза за инјектирање во пределот околу зглобот е од 2 mg до 6 mg дексаметазон.
Употреба кај пациенти над 65 години или со нарушена функција на црниот дроб или бубрезите
Кај пациентите над 65 години или со нарушена функција на црниот дроб и бубрезите, потребна е претпазливост и внимателен медицински надзор.
Употреба кај деца
Дозата за заменско лекување кај инјекциите кои се даваат мускулно е 0,02 mg/kg телесна тежина или 0,67 mg на m2 телесна површина, поделена во три дози на секој трет ден или од 0,008 mg до 0,01 mg на kg телесна тежина или од 0,2 mg до 0,3 mg на m2 телесна површина дневно.
За други индикации, препорачана доза е од 0,02 mg до 0,1 mg на kg телесна тежина или од 0,8 mg до 5 mg на m2 телесна површина на секои 12 до 24 часа.
Точната доза и времетраењето на лекувањето треба да ги определи лекарот.