Име на лекот (кирилица):
ДИФЛАЗОН
Име на лекот (латиница):
DIFLAZON
Фармацевтска форма
капсула, тврда
Пакување
7 капсули (блистер 1 х 7)/кутија
Состав
1 капсула содржи:
флуконазол . . . 50 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-3517/14
Датум на решение
10.11.2014
Малопродажна цена со ДДВ
210.87
Големопродажна цена без ДДВ
156.9
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R/RS
Дозирање
Вообичаените дози од овој лек за различни инфекции се наведени подолу:
Возрасни
Состојба Доза
За лекување на криптококен менингитис 400 mg на првиот ден, потоа 200 mg до 400 mg еднаш дневно во тек на 6 до 8 недели или подолго ако е потребно; понекогаш дозите се зголемуваат до 800 mg
За спречување на повторна појава на криптококниот менингитис 200 mg еднаш дневно се додека не ви биде кажано да прекинете
За лекување на кокцидиоидомикоза 200 mg до 400 mg еднаш дневно од 11 месеци до 24 месеци или подолго ако е потребно; понекогаш дозите се зголемуваат до 800 mg
За лекување на внатрешни габични инфекции предизвикани од Candida 800 mg на првиот ден, потоа 400 mg еднаш дневно се додека не ви биде кажано да прекинете
За лекување на мукозни инфекции на слузницата на устата и грлото, како и стоматитис предизвикан од забна протеза 200 mg до 400 mg на првиот ден, потоа 100 mg до 200 mg се додека не ви биде кажано да прекинете
За лекување на мукозни лезии – дозата зависи од тоа каде е лоцирана инфекцијата 50 mg до 400 mg еднаш дневно во тек на 7 до 30 дена се додека не ви биде кажано да прекинете
За спречување на мукозни инфекции на слузницата на устата и грлото 100 mg до 200 mg еднаш дневно или 200 mg 3 пати неделно, додека постои ризикот да добиете инфекција
За лекување на генитални лезии 150 mg како еднократна доза
За намалување на повторна појава на гениталните лезии 150 mg на секој трет ден во вкупно 3 дози (ден 1, 4 и 7) и потоа еднаш неделно во тек на 6 месеци додека постои ризик да добиете инфекција
За лекување на габични инфекции на кожата и ноктите Во зависност од местото на инфекцијата 50 mg еднаш дневно, 150 mg еднаш неделно, 300 до 400 mg еднаш неделно во тек на 1 до 4 недели (при атлетско стопало лекувањето може да трае до 6 недели, а при инфекција на ноктот се додека не се замени инфицираниот нокт)
За спречување на инфекција предизвикана од Candida (доколку имунолошкиот систем ви е слаб и не ви функционира соодветно) 200 mg до 400 mg еднаш дневно додека постои ризикот да добиете инфекција