Име на лекот (кирилица):
ЕФЛОРАН
Име на лекот (латиница):
EFLORAN
Генеричко име
metronidazole
Фармацевтска форма
раствор за инфузија
Пакување
1 стаклено шише х 100 ml/кутија
Состав
1 ml раствор за инфузија содржи:
метронидазол . . . 5 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
FRESENIUS KABI Austria GmbH, Грац, Австрија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10312/4
Датум на решение
28.01.2016
Малопродажна цена со ДДВ
142.61
Големопродажна цена без ДДВ
106.11
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Лекувањето на анаеробните инфекции вообичаено се започнува со интравенска инфузија. Колку што е можно поскоро, лекувањето треба да се продолжи со таблети. Доза за возрасни е 500 mg, на секои 8 часа како спора интравенска инфузија. Лекувањето трае 7 дена. Доколку е неопходно и во зависност од видот на инфекцијата (индикацијата), може да трае и подолго. Дозата кај деца помлади од 12 години е 7,5 mg/kg телесна тежина (1,5 ml/kg) на секои 8 часа како спора интравенска инфузија.
Заштита пред гинеколошки и гастроинтестинални операции
При вовед во анестезија пред хируршки зафати, на возрасните им се дава единечна доза од 500 mg метронидазол како спора интравенска инфузија. Дозата може да се повторува 3 пати. Пре-оперативната заштита вообичаено не треба да трае подолго од 24 часа. Дозата кај деца на возраст под 12 години е 7.5 mg/kg телесна тежина дадена како спора интравенска инфузија, по истата шема како и за возрасните. Во случај да се развие постоперативна инфекција, лекувањето треба да се продолжи барем 7 дена.