Име на лекот (кирилица):
ЕНАП-ХЛ
Име на лекот (латиница):
ENAP-HL
Генеричко име
enalapril, hydrochlorothiazide
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
еналаприл малеат . . . 20 mg
хидрохлоротиазид . . . 12,5 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-9328/14
Датум на решение
07.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
289.08
Големопродажна цена без ДДВ
233.91
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Вообичаена доза е една таблета, еднаш на ден. Ако е потребно дозата може да се зголеми до две таблети, еднаш на ден.
Ако веќе земате други таблети за зголемување на мокрењето (диуретици), советувајте се со вашиот лекар пред да го започнете лекувањето со овој лек. Лекувањето со диуретикот треба да се прекине 2 до 3 дена пред да го започнете лекувањето со лекот Енап-Х 10 mg/25 mg, Енап-ХЛ 10 mg/12,5 mg и Енап-ХЛ 20 mg/12,5 mg.
Тиазидните диуретици можеби нема да бидат погодни кај болни со нарушена работа на бубрезите; тие не делуваат кај бубрежни болни со клиренс на креатининот од 0,5 ml/s или помал (умерено и тешко оштетување на работата на бубрезите). Кај болни со клиренс на креатинин помеѓу 0,5 ml/s и 1,3 ml/s се советува лекувањето да се започне со прилагодени дози на еден лек.