Име на лекот (кирилица):
ЕСТРОФЕМ
Име на лекот (латиница):
ESTROFEM
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
28 таблети (во календарско пакување)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
естрадиол хемихидрат . . . 1,03 mg
(еквиваленетен на 1 mg естрадиол)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
NOVO NORDISK A/S, Багсваерд, Данска
Местa на производство
NOVO NORDISK A/S, Малов, Данска
Носител на одобрение
НОВО НОРДИСК ФАРМА дооел
Датум на решение
27.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
259.76
Големопродажна цена без ДДВ
193.28
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R/RS
Дозирање
Естрофем е чист естрогенски препарат за хормонска супституција.Естрофем не смее да се администрира кај жени со интактен утерус освен доколку е во комбинација со соодветен прогестаген режим за време најмалку 12-14 дена од секој циклус. За започнување и продолжување на третманот на менопаузалните симптоми се користи најниската ефективна доза за најкраток временски период.
Естрофем се зема орално, една таблета дневно без прекин. Кај жени кои се префрлаат од секвенциска хормонска супституциона терапија, терапијата може да започне 5-от ден од почетокот на крварењето. Кај жени со интактен утерус, мора да се земе во предвид употреба на континуирана или повремена комбинација со прогестаген за најмалку 12-14 дена од секој циклус.