Име на лекот (кирилица):
ФЛОСТЕРОН
Име на лекот (латиница):
FLOSTERON
Генеричко име
betamethasone natrium fosfate/propionate
Фармацевтска форма
суспензија за инјектирање
Пакување
5 ампули х 1 ml/кутија
Состав
1 ml суспензија содржи:
бетаметазон дипропионат . . . 6,43 mg
(еквивалентен на 5 mg бетаметазон)
бетаметазон натриум фосфат . . . 2,63 mg
(еквивалентен на 2 mg бетаметазон)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10545/14
Датум на решение
28.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
743.65
Големопродажна цена без ДДВ
566.59
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирањето е индивидуално во зависнот од состојбата на пациентот и тежината на болеста.
Локална употреба
Вообичаена доза е 0,25 ml до 2 ml во интервал од најмалку 4 недели.
Доза од 1 ml до 2 ml се дава во многу големи зглобови (колк) интра-артикуларно или периартикуларно, 1 ml во големи зглобови (колено, глужд, рамо), 0,5 ml до 1 ml во зглобови со средна големина (лакт, рачен зглоб) и 0,25 ml до 0,5 ml во мали зглобови.
Единечни дози кои не надминуваат 0,2 ml/cm2 се даваат во оштетувања (лезии) на кожата (во кожата, не поткожно); вкупната неделна доза за сите зафатени места не треба да надминува 1 ml.
Доза од 0,25 ml до 1 ml (до 2 ml во акутната фаза) се дава во кесеста празнина исполнета со течност (бурза), 0,5 ml при воспаление на обвивката на тетивите и воспаление на тетивите, како и 0,5 ml до 1 ml при воспаление на сврзното ткиво.
Ако е потребно, лекот Флостерон може да се меша со локален анестетик во истиот шприц.
Системска употреба при алергиски заболувања
Може да се употребува само една доза од 1 ml до 2 ml (секогаш се дава интрамускулно, никогаш интравенски). Лекот се дава по пат на длабока мускулна инјекција во глутелната регија.
Не се препорачува употреба на лекот Флостерон кај деца.
Не е потребно прилагодување на дозирањето кај пациенти со нарушена функција на бубрезите, но потребна е претпазливост.
Се препорачува внимателно следење на постарите пациенти со цел да се избегнат опасни компликации.