Име на лекот (кирилица):
ФРОМИЛИД УНО
Име на лекот (латиница):
FROMILID UNO
Генеричко име
clarithromycin
Фармацевтска форма
таблета со модифицирано ослободување
Пакување
7 таблети (блистер 1 x 7)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
кларитромицин . . . 500 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-3505/14
Датум на решение
06.10.2014
Малопродажна цена со ДДВ
215.04
Големопродажна цена без ДДВ
160
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозата на лекот и времетраењето на лекувањето зависат од видот и местото на инфекцијата, возраста на пациентот и одговорот на лекувањето. Вообичаена доза за возрасни и деца над 12 години е 1 таблета од 500 mg на секои 24 часа. При потешки инфекции, дневната доза е 2 таблети од 500 mg на секои 24 часа.
Лекувањето вообичаено трае од 6 до 14 дена.