Име на лекот (кирилица):
ФРОМИЛИД
Име на лекот (латиница):
FROMILID
Генеричко име
clarithromycin
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
14 филм-обложени таблети (блистер 2 x 7)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
кларитромицин . . . 500 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија, Sunshine Lake Pharma Co. Ltd., , Кина
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-8167/12
Датум на решение
25.12.2012
Малопродажна цена со ДДВ
340.2
Големопродажна цена без ДДВ
265.3
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозата на лекот и времетраењето на лекувањето зависат од видот на инфекцијата, местото на инфекцијата, возраста на пациентот и одговорот на лекувањето.
Голтнете ја таблетата цела со барем половина чаша со течност.
На децата им се препорачува да испијат некоја течност по земањето на пероралната суспензија.
Вообичаена доза за возрасни и за деца над 12 годишна возраст е една таблета од 250 mg до една таблета од 500 mg на секои 12 часа.
За лекување на инфекција со Haemophilus influenzae, треба да земате 500 mg на секои 12 часа.
За лекување на инфекција со H. pylori, треба да земате 250 mg до 500 mg на секои 12 часа. Лекувањето вообичаено трае 7 дена во комбинација со други лекови.
За лекување и превенција на дисеминирана инфекција со Mycobacterium avium комплексот, треба да земате 500 mg на секои 12 часа. Ако е неопходно, вашиот лекар може да ви ја зголеми дозата. Максималната дневна доза изнесува 2 g. При инфекција со Mycobacterium avium комплексот, потребно е долготрајно лекување.
Лекувањето вообичаено трае од 6 до 14 дена.
Употреба кај деца
Вообичаена доза кај деца до 12 годишна возраст е 7,5 mg/kg телесна тежина на секои 12 часа. Кај децата, овој лек вообичаено се дава во облик на перорална суспензија.
За лекување и превенција на дисеминирана инфекција со Mycobacterium avium комплексот, на детето треба да му се даде 7,5 mg/kg на секои 12 часа. Максимална дневна доза за деца е 1 g. При инфекција со Mycobacterium avium комплексот потребно е долготрајно лекување.
Не беа испитувани ефикасноста и безбедноста на кларитромицинот кај деца до 6 месеци и кај деца до 20 месеци инфицирани со Mycobacterium avium комплексот.
На децата им се препорачува да испијат течност по земање на пероралната суспензија. Суспензијата содржи ситни гранули кои детето не треба да ги џвака затоа што нивната содржина има горчлив вкус. Вклучен е дозирен шприц поделен од 1 ml до 5 ml во интервали од 0,2 ml и 1,25 ml. Еден полн дозирен шприц собира 5 ml суспензија, која што содржи 125 mg или 250 mg кларитромицин. По секоја употреба, дозирниот шприц треба да се исплакне со вода.
Дозирањето кај децата треба да се прилагоди во согласност со нивната телесна тежина. Во следната табела, наведени се препораките за дозирање:
Телесна тежина на детето Доза во ml за пероралната суспензија од 250 mg/5 ml (дозирен шприц) Доза во ml за пероралната суспензија од 125 mg/5 ml (дозирен шприц) Доза во mg
33 kg 5 ml (1) два пати дневно 10 ml (2) два пати дневно 250 mg
24 kg 3,75 ml (¾) два пати дневно 7,5 ml (1½) два пати дневно 187,5 mg
16 kg 2,5 ml (½) два пати дневно 5 ml (1) два пати дневно 125 mg
8 kg 1,25 ml (¼) два пати дневно 2,5 ml (½) два пати дневно 62,5 mg
Лекувањето кај децата вообичаено трае од 5 до 10 дена.