Име на лекот (кирилица):
ГАРАМИЦИН
Име на лекот (латиница):
GARAMYCIN
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
10 ампули x 1,5 ml/кутија
Состав
1,5 ml раствор (1 ампула) содржи:
гентамицин . . . 120 mg
(во форма на гентамицин сулфат)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
03.04.2013
Малопродажна цена со ДДВ
183.08
Големопродажна цена без ДДВ
136.22
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање и начин на употреба
Лекот Гарамицин се дава мускулно, но може и венски.
Кај возрасни се дава од 3 до 6 mg гентамицин на kg телесна тежина дневно во една или две дози.
Употреба кај деца
Деца и адолесценти: се дава од 3 до 6 mg гентамицин на kg телесна тежина дневно во една или две дози.
Бебиња над 1 месец: се дава од 4,5 до 7,5 mg гентамицин на kg телесна тежина дневно во една или две дози.
Новороденчиња: се дава од 4 до 7 mg гентамицин на kg телесна тежина дневно во една доза.
Лекувањето трае од 7 до 10 дена, но може и подолго.
Лекарот ќе ви ја прилагоди дозата, честотата на примање на лекот и времетраењето на лекувањето во зависност од заболувањето, подносливоста на лекот, одговорот на лекувањето и можните несакани дејства.