Име на лекот (кирилица):
ХАЛДОЛ
Име на лекот (латиница):
HALDOL
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
30 таблети во темно стаклено шише/кутија
Состав
1 таблета содржи:
халоперидол . . . 10 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со силно дејство
Производители:
KRKA d.d. Novo Mesto - во соработка со JANSSEN Pharmaceutica NV, Берсе - Белгија, Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10221/2
Датум на решение
14.07.2015
Малопродажна цена со ДДВ
240.86
Големопродажна цена без ДДВ
181.93
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
RS
Дозирање
Кај повеќето возрасни лица, вообичаена почетна доза е 0,5 mg до 2 mg два до три пати дневно за умерени симптоми и 3 mg до 5 mg два до три пати дневно за тешки симптоми. Во зависност од вашиот одговор на терапијата, вашиот лекар може да ви ја зголеми дозата до постигнување на оптимално дејство. Вообичаената доза на одржување се движи помеѓу 1 mg и 15 mg дневно. Кај поединечни пациенти, потребни се дури и повисоки дози.
Дневната доза за деца се движи во опсег од 0,05 mg/kg до 0,15 mg/kg телесна тежина. Кај поединечни деца со тешки душевни заболувања, дозите може да бидат и повисоки. За други заболувања, дневната доза се движи во опсег од 0,05 mg/kg до 0,075 mg/kg телесна тежина.
Кај постари лица (≥ 65 години), почетната доза е 0,5 mg два до три пати дневно и дозата на одржување е 0,5 mg до 2 mg два до три пати дневно.
Не е потребно прилагодување на дозите кај пациенти со благи до умерени заболувања на бубрезите. Не се препорачува употреба на лекот Халдол кај пациенти со тешки заболувања на бубрезите затоа што не се достапни клинички податоци.
Кај пациентите со благи нарушувања на црниот дроб, дозата на халоперидол треба да се намали или да се дава на подолги растојанија. Не се препорачува употреба на халоперидол кај пациенти со умерени до тешки заболувања на црниот дроб затоа што не се достапни клинички податоци.