Име на лекот (кирилица):
ХАЛДОЛ депо
Име на лекот (латиница):
HALDOL depo
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
5 ампули х 1 ml/кутија
Состав
1 ml раствор содржи:
халоперидол деканоат . . . 70,52 mg
(еквивалентен на 50 mg халоперидол деканоат)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Тригоник со силно дејство
Производители:
KRKA d.d. Novo Mesto - во соработка со JANSSEN Pharmaceutica NV, Берсе - Белгија, Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10222/14
Датум на решение
26.05.2015
Малопродажна цена со ДДВ
1165.32
Големопродажна цена без ДДВ
887.86
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање и начин на употреба
Вашиот лекар ќе ви ја одреди соодветната доза и честотата на примање. Лекот се ослободува бавно, па затоа постојано количество од лекот поминуваат во крвта помеѓу две инјекции. Лекот се дава длабоко во мускул. Вообичаен интервал на дозирање е 4 недели, а во зависност од вашиот одговор на лекувањето, тоа може да се скрати или продолжи. При високи дози, максималниот волумен по место на инјектирање не треба да надмине 3 ml од растворот.
Лекот Халдол депо не смее да се дава интравенски.
Возрасни: Вообичената доза треба да се пресмета врз основа на дневната перорална доза. Препорачаната почетна доза е 10 до 15 пати поголема од пероралната дневна доза. Кај повеќето пациенти, почетната доза се движи помеѓу 25 и 75 mg халоперидол деканоат.
Постари пациенти: Кај постари пациенти се препорачуваат пониски дози. Почетната доза се движи помеѓу 12,5 и 25 mg.
Деца и адолесценти до 18 годишна возраст: Лекот Халдол депо не смее да се употребува кај деца и адолесценти до 18 годишна возраст.
Дозата на одржување се движи помеѓу 50 и 300 mg, во зависност од симптомите. Максимална доза е 450 mg. По потреба, лекот Халдол депо може да се комбинира со перорална терапија со Халдол таблети.