Име на лекот (кирилица):
ХЕЛЕКС
Име на лекот (латиница):
HELEX
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
30 таблети (блистер 2 х 15)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
алпразолам . . . 1 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA FARMA d.o.o. , Јастребарско, Хрватска, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-8524/14
Датум на решение
16.02.2015
Малопродажна цена со ДДВ
187.23
Големопродажна цена без ДДВ
139.31
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Оптималната доза на алпразолам и времетраењето на лекувањето ги одредува лекарот за секој пациент поединечно врз основа на симптомите и индивидуалниот одговор на пациентот.
Голтајте ги таблетите цели со течност.
Анксозност или анксиозност со знаци на депресија
Вообичаена доза на почетокот на лекувањето е 0,25 mg до 0,5 mg 3 пати дневно. Кај постари пациенти се препорачуваат пониски дози (0,25 mg 2 до 3 пати дневно).
Панични растројства
Вообичаена доза на почетокот на лекувањето е 0,5 mg до 1 mg 3 пати дневно (дозата треба да се зголеми за 1 mg во период од 3 до 4 дена).
Терапија на одржување
Вообичените дози се доволни за повеќето пациенти. Во ретки случаи, кога овие дози не се доволни, треба постепено да се зголемуваат. За да се спречи појава на несакани дејства, прво треба да се зголеми вечерната доза. Доколку се појават несакани дејства веќе по почетните дози, дозата треба да се намали.
Лекувањето со алпразолам треба постепено да се прекинува, затоа што наглиот прекин може да предизвика симптоми на повлекување. Постепеното прекинување на лекувањето треба да трае долго, односно ако пациентот зема 0,5 mg наутро, 0,5 mg напладне и 1 mg навечер, се препорачува дневната доза да се намалува за најмногу 0,25 mg на секои три дена.