Име на лекот (кирилица):
ХЕРЦЕПТИН
Име на лекот (латиница):
HERCEPTIN
Фармацевтска форма
прашок за концентрат за раствор за инфузија
Пакување
1 вијала х 150 mg/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
трастузумаб . . . 150 mg
1 ml раствор по реконституција содржи:
трастузумаб . . . 21 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
F. HOFFMANN-LA ROCHE Ltd, Базел, Швајцарија
Местa на производство
Genentech Inc., Хилсборо (Орегон), САД, ROCHE DIAGNOSTICS GmbH, Мaнхајм, Германија, F. HOFFMANN-LA ROCHE Ltd, Базел, Швајцарија
Носител на одобрение
РОШ МАКЕДОНИЈА дооел
Датум на решение
18.08.2015
Малопродажна цена со ДДВ
26656.58
Големопродажна цена без ДДВ
24187.22
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Метастатски карцином на дојка
Три-неделен распоред
Препорачана почетна (loading) доза е 8 mg/kg телесна тежина. Препорачаната доза на одржување на три неделни интервали е 6 mg/kg телесна тежина, почнувајќи три недели по почетната доза.
Неделен распоред
Препорачаната почетна доза на Herceptin е 4 mg/kg телесна тежина. Препорачаната неделна доза на одржување на Herceptin е 2 mg/kg телесна тежина, почнувајќи една недела по почетната доза.
Давање во комбинација со paclitaxel или docetaxel
Во регистрационите студии (H0648g, M77001), paclitaxel или docetaxel биле администрирани следниот ден по првата доза на Herceptin (за дозата, погледнете во Збирниот извештај за особините на лекот paclitaxel или docetaxel) и веднаш по наредните дози на Herceptin доколку претходната доза на Herceptin била добро толерирана.
Давање во комбинација со ароматаза инхибитор
Во регистрационата студија (BO16216) Herceptin и anastrozole биле давани од првиот ден. Немало ограничувања за релативното време на примање на Herceptin и anastrozole (за дозата, видете го Збирниот извештај за особините на лекот anastrozole или други инхибитори на ароматаза).
Ран карцином на дојка
Три-неделен и неделен распоред
Кај три-неделен распоред на терапија, препорачаната почетна доза на Herceptin е 8mg/kg телесна тежина. Препорачаната доза на одржување на Herceptin е 6mg/kg телесна тежина на тро-неделни интервали, започнувајќи три недели по почетната доза.
При неделен распоред (почетна доза од 4mg/kg следена со 2mg/kg секоја недела) се администрира конкомитантно со paclitaxel следено со хемотерапија со doxorubicin и cyclophosphamide.
Метастатски карцином на желудник
Тринеделен режим
Препорачаната почетна доза е 8 mg/kg телесна тежина. Препорачаната доза на одржување на три-неделни интервали е 6 mg/kg телесна тежина, започнувајќи три недели по почетната доза.
Карцином на дојка и желудник
Времетраење на лекувањето
Пациентите со МКД или МКЖ треба да се лекуваат со Herceptin се до прогресија на болеста.
Пациентот со РКД треба да се лекува со Herceptin во тек на 1 година или до повторна појава на болеста, во зависност од тоа што ќе се случи прво; продолжување на третманот кај РКД подолго од една година не се препорачува