Име на лекот (кирилица):
ХИКОНЦИЛ
Име на лекот (латиница):
HICONCIL
Фармацевтска форма
капсула, тврда
Пакување
16 капсули (блистер 2 х 8)/кутија
Состав
1 капсула содржи:
амоксицилин 500 mg
(во форма на амоксицилин трихидрат)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
Unichem Laboratories Limited - Village Bhatauli Kalan, Химачал Прадеш, Индија, SANDOZ GmbH, Кундл, Австрија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
19.08.2016
Малопродажна цена со ДДВ
102.82
Големопродажна цена без ДДВ
76.5
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R,D
Дозирање
Деца со телесна тежина до 40 kg
Сите дози се одредуваат во зависност од телесната тежина на детето во килограми.
- Вашиот лекар ќе ве советува колкава доза од лекот Хиконцил треба да му дадете на вашето бебе или дете.
- Вообичаената доза е 40 mg до 90 mg на еден килограм телесна тежина дневно, дадена во две или три поделени дози.
- Максималната препорачана доза е 100 mg на еден килограм телесна тежина дневно.
Возрасни, постари пациенти и деца со телесна тежина над 40 kg
Вообичаената доза на лекот Хиконцил е 250 mg до 500 mg три пати на ден или 750 mg до 1 g на секои 12 часа, во зависност од тежината и видот на инфекцијата.
- Тешки инфекции: 750 mg до 1 g три пати на ден.
- Инфекции на уринарниот тракт: 3 g два пати на ден во времетраење од еден ден.
- Лајмска болест (инфекција која се шири од паразити наречени крлежи): Изолирана еритема мигранс (рана фаза - црвен или розов точкаст исип): 4 g на ден. Системски манифестации (доцна фаза - за посериозни симптоми или кога болеста се шири по целото тело): до 6 g на ден.
- Чир на желудникот: Една доза од 750 mg или од 1 g два пати на ден во тек на 7 дена, заедно со други антибиотици и лекови за лекување на чир на желудникот.
- За да се спречи инфекција на срцето за време на операција: Дозата варира во зависност од видот на операцијата. Истовремено може да се даваат и други лекови. Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра може да ви даде повеќе информации.
- Максималната препорачана доза е 6 g на ден.
Проблеми со бубрезите
Ако имате проблеми со бубрезите, дозата може да биде пониска од вообичаената доза.