Име на лекот (кирилица):
ИМУНОРО
Име на лекот (латиница):
IMMUNORHO
Генеричко име
anti-D(rh) immunoglobulin
Фармацевтска форма
прашок и вехикулум за раствор за инјектирање
Пакување
1 вијала со прашок + 1 ампула х 2 ml вехикулум/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
имуноглобулин, хуман анти-D . . . 300 mcg
1 ампула со вехикулум содржи:
вода за инјекции . . . 2 ml
1 ml раствор добиен по реконституција содржи:
хуман плазма протеини ≤ 180 mg
што содржат најмалку 90% имуноглобулини со антитела против еритроцитен Rho (D), што одговара на 100 - 150 mcg или 500 - 750 IE
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
KEDRION S.P.A , Наполи, Италија
Носител на одобрение
ФАРМА ТРЕЈД дооел
Датум на решение
16.12.2019
Малопродажна цена со ДДВ
2867.81
Големопродажна цена без ДДВ
2294.25
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
При бременост, породување и гинеколошки интервенции: -Постнатална профилакса: 1000-1500 ИУ (200-300 микрограми) се препорачани како оптимална стандардна доза без претходни тестирања за да се одреди степенот на фето-матерната хеморагија на пример контролата на инфилтрирање на ХбФ клетките (фетален хемоглобин) (Клеихауер-Бетке тест). Инјекцијата треба да биде администрирана на мајката веднаш по породувањето и во секој случај во тек на 72 часа по породувањето. -Антенатална и постнатална профилакса: 1000-1500 ИУ (200-300 микрограми) во 28 недела од бременост; во некои случаи порана профилакса е оправдана. Дополнителна доза од 1000-1500 ИУ (200-300 микрограми) треба да се администрира во тек на 72 часа од породувањето на Рх(Д) позитивно новороденче. -По абортус, ектопична бременост или хидатиформна мола: -Пред 12-та недела од бременоста: 600-750 ИУ (од 120-150 микрограми) ако е можно во тек на 72 часа од интервенцијата; -По 12-та недела од бременоста: 1250-1500 ИУ (од 250 до 300 микрограми) ако е можно во тек на 72 часа од интервенцијата; -По амниоцинтеза или хорионска биопсија: 1250-1500 ИУ (250 до 300 микрограми) ако е можно во тек на 72 часа по интервенција. -По некомпатибилна трансфузија на Рх(Д) позитивна крв: Администрирајте од 500 ИУ до 1250 ИУ (од 100 до 250 микрограми) на 10мл трансфузионирана крв во период од неколку дена.