Име на лекот (кирилица):
МАКРОПЕН
Име на лекот (латиница):
MACROPEN
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
16 филм-обложени таблети (блистер 2 х 8)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
мидекамицин . . . 400 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
MERCK KGaA&Co., Шпитал, Австрија, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10314/14
Датум на решение
08.05.2015
Малопродажна цена со ДДВ
162.06
Големопродажна цена без ДДВ
131.14
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозирањето и траењето на лекувањето зависат од причинителот на инфекцијата, типот и местото на инфекцијата, возраста на болниот и успехот на лекувањето.
Вообичаена доза кај возрасни и деца потешки од 30 kg е една таблета од 400 mg, три пати на ден. Најголемата дозволена дневна доза кај возрасните е 1600 mg на мидекамицин.
Лекувањето вообичаено трае од 7 до 14 дена.