Име на лекот (кирилица):
МИНИРИН
Име на лекот (латиница):
MINIRIN
Генеричко име
desmopressin
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
30 таблети (PE контејнер) /кутија
Состав
1 таблета содржи:
дезмопресин ацетат . . . 0.2 mg
(еквивалентен на 0.178 mg дезмопресин, слободна база)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
FERRING Internacional Center SA, Вауд, Швајцарија
Носител на одобрение
ЦАРСО Интернационал Дооел
Датум на решение
25.01.2021
Малопродажна цена со ДДВ
2879.1
Големопродажна цена без ДДВ
2285
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
RS/RSS
Дозирање
Дозирањето на МИНИРИН таблетите се титрира индивидуално. Дезмопресин се зема во ист временски интервал во однос на времето на внес на храната, бидејќи храната со намалување на ресорпцијата влијае на дејството на лекот. Централен дијабетес инсипидус: Препорачаната почетна доза за деца и возрасни е 100 мцг, применета три пати дневно. Дозирањето е индивидуално и се прилагодува во зависност од одговорот на пациентот. Кај повеќето пациенти дозата на одржување е 100-200 мцг три пати дневно. Клиничкото искуство покажало дека вкупната дневна доза може да се движи од 200-1200 мцг. Примарна enuresis nocturna: Деца над 5 години возраст: Индивидуално, вообичаено 0.2 мг пред спиење.
Ако оваа доза не е доволна, може да се зголеми до 0.4 мг. Ноктурија: Препорачана почетна доза е 100 мцг пред спиење. Ако применетата доза во текот на првата недела се покаже неефикасна, може во неселни интервали да се зголеми на 200 мцг, а потоа и на 400 мцг.