Име на лекот (кирилица):
НАКЛОФЕН
Име на лекот (латиница):
NAKLOFEN
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање
Пакување
5 ампули х 3 ml/кутија
Состав
3 ml раствор (1 ампула) содржи:
диклофенак натриум . . . 75 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-10565/14
Датум на решение
28.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
101.11
Големопродажна цена без ДДВ
75.23
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Вообичаена доза за возрасни е 1 ампула еднаш до два пати дневно; дозата на одржување е иста. Инјекциите треба да се даваат длабоко во мускул.
При бубрежни колики, може да се даде втора инјекција 30 минути по првата.
Инјекциите се употребуваат за лекување на акутни состојби. Колку што е можно побрзо, лекувањето треба да се продолжи со употреба на таблети, капсули или супозитории.
Потребна е претпазливост при давање на лекот кај пациенти со инсуфициенција на бубрезите или нарушена функција на црниот дроб. Се препорачува употреба на диклофенак натриум во најниските ефикасни дози.