Име на лекот (кирилица):
РЕСПИВАКС
Име на лекот (латиница):
RESPIVAX
Генеричко име
immunomodulators
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
0,05 g лиофилизиран прашок, што се состои од мртви бактериски култури на
секој од бактериските видови (Streptococcus pneumoniae, Branhamella catarrhalis, Streptococcus pyogenes група A, Haemophilus influenzae тип B, Staphylococcus aureus, Klebsiella pneumoniae) во количество од по . . . 1,25 х 109 клетки од секој вид
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
BUL BIO NCZPB EOOD, Софија, Бугарија, Adissan Pharma Ltd, Пловдив, Бугарија
Носител на одобрение
МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
Датум на решение
10.02.2021
Малопродажна цена со ДДВ
630.88
Големопродажна цена без ДДВ
480.67
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Употребата на Респивакс за деца под 3 години поради недоволно податоци за безбедноста не се препорачува.
За имунотерапија и имунопрофилакса Респивакс се применува кај деца помеѓу 3 и 14 години во доза од 25mg според следнава шема:
Третман (имунотерапија) – 1 таблета на ден во период од 30дена, наутро пред појадок; терапија на одржување: за одржување на постигнатиот ефект во понатамошниот тек се зема 1 таблета Респивакс на ден, наутро пред појадок, во тек на 20 денови во период од 3 последователни месеци. Целиот циклус може да се повтори после 5-6 месеци.
Профилакса (имунопрофилакса) – 1 таблета Респивакс на ден, наутро пред појадок, во тек на 20 денови во период од 3 последователни месеци.