Име на лекот (кирилица):
РОАКУТАН
Име на лекот (латиница):
ROACCUTANE
Генеричко име
isotretinoin
Фармацевтска форма
капсула, мека
Пакување
30 капсули (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 капсула содржи:
исотретиноин . . . 10 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Лекот е предмет на дополнително следење
Производители:
F.Hoffmann-La Roche Ltd., Каизерауст, Швајцарија
Местa на производство
CATALENT Germany Eberbach GmbH, Ебербах, Германија
Носител на одобрение
РОШ МАКЕДОНИЈА дооел
Број на решение
11-11523/1
Датум на решение
12.12.2018
Малопродажна цена со ДДВ
760.84
Големопродажна цена без ДДВ
579.69
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Возрасни пациенти вклучувајќи адолесценти и постари лица
Лекувањето со isotretinoin треба да започне со доза од 0,5 mg/kg дневно. Терапевтскиот одговор на isotretinoin и некои несакани дејства зависат од дозата и се разликуваат од пациент до пациент. Заради тоа потребно е индивидуално прилагодување на дозата за време на лекувањето. За повеќето пациенти дозата изнесува од 0,5 до 1,0 mg/kg дневно.
Долготрајна ремисија и рецидиви се тесно поврзани со вкупната употребена доза отколку со времетраењето на лекувањето или дневната доза. Забележано е дека не може да се очекува додатен ефект на лекот над кумулативни дози од 120 до 150 mg/kg. Времетраењето на лекувањето зависи од поединечната дневна доза. За да се постигне ремисија, обично е доволно лекување во времетраење од 16 до 24 недели.
Кај повеќето пациенти потполно исчезнување на акни се постигнува со еден циклус на лекување. Во случај на рецидив можно е да се продолжи лекувањето со isotretinoin со иста дневна и кумулативна доза. Бидејќи подобрување на состојбата на акните може да се забележи и во период до 8 недели после завршување со лекувањето, не треба да се продолжи лекувањето додека не истече тој период.
Пациенти со оштетување на бубрежната функција
Кај пациенти со тешко оштетување на бубрежната функција лекувањето треба да се започне со ниска доза (на пример 10 mg/дневно). Дозата подоцна треба да се зголеми до 1 mg/kg/дневно или до максимална доза која пациентот може да ја поднесе (видете дел 4.4).
Пациенти кои не го поднесуваат лекот
Кај пациенти кои не ја поднесуваат препорачаната доза, лекувањето може да се продолжи со ниска доза но лекувањето трае подолго и поголем e ризикот од рецидив.