Име на лекот (кирилица):
РУТАЦИД
Име на лекот (латиница):
RUTACID
Генеричко име
hydrotalcite
Фармацевтска форма
таблета за џвакање
Пакување
20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија
Состав
1 таблета за џвакање содржи:
хидроталцит . . . 500 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава и/или да се продава, без рецепт (БР*)
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-8085/14
Датум на решение
23.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Рутацид таблетите за џвакање не треба да се голтаат цели, туку треба добро да се изџвакаат.
Вообичаена доза за возрасни е 1 до 2 таблети земени 3 до 4 пати дневно, еден час по оброкот и пред легнување или при појава на гореспоменатите проблеми.
Не е потребно прилагодување на дозирањето кај постари пациенти и пациенти со заболувања на црниот дроб.
Пациентите со заболувања на бубрезите Рутацид можат да го земаат само краткотрајно и во пониски дози.
Децата од 6 до 12 годишна возраст треба да земаат половина од дозата за возрасни (½ до 1 таблета) 3 до 4 пати дневно, еден час по оброкот и пред легнување или при појава на проблеми.
Не се препорачува употреба на Рутацид кај деца до 6 годишна возраст, затоа што не е утврдена неговата безбедност и ефикасност кај оваа популација.