Име на лекот (кирилица):
ТРАМАДОЛ
Име на лекот (латиница):
TRAMADOL
EAN код:
3838989502584
Генеричко име
tramadol
АТЦ
N02AX02
Фармацевтска форма
капсула, тврда
Јачина
50 mg
Пакување
20 капсули (блистер 2 х 10)/кутија
Состав
1 капсула содржи: трамадол хидрохлорид . . . 50 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со силно дејство
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
11-2043/4
Датум на решение
14.09.2015
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
108.86
Големопродажна цена без ДДВ
81
Референтна цена
57
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
85952
Проширен АТЦ
N02AX02002
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Препораки за дозирање: Возрасни и деца над 14 годишна возраст: Капсули: 1 капсула да се испие со течност; ако одговорот на лекувањето не е задоволителен, може да ја повторите дозата за 30 до 60 минути. Дозите може да ги земате на растојанија од 4 до 6 часа. Големината на дозите и честотата на земање мора да ги одреди лекарот. Капки: 20 капки (50 mg) или притискање на мерната пумпа 4 пати (течноста се истиснува од пумпата), со течност или на шеќерна коцка; ако одговорот не е задоволителен, може да ја повторите дозата за 30 до 60 минути. Дозите може да ги земате на растојанија од 4 до 6 часа. Големината на дозите и честотата на земање мора да ги одреди лекарот. Пред употреба на мерната пумпа за прв пат, притиснете ја неколку пати со цел да се исполни механизмот на пумпата. Деца на возраст од 1 до 14 години: Капките треба да се даваат во доза од 1 mg/kg до 2 mg/kg телесна тежина. Дозите може да се даваат на растојанија од 4 до 6 часа. Големината на дозите и честотата на земање мора да ги одреди лекарот. Не се препорачува употреба на дневни дози поголеми од 400 mg, освен за ублажување на болка кај пациенти со рак и кај оние со тешки постоперативни болки кај кои дневните дози може да се зголемат до 600 mg. Тешки црнодробни или бубрежни заболувања (инсуфициенција)/пациенти на дијализа Не се препорачува употреба на лекот Трамадол кај пациенти со тешка црнодробна и/или бубрежна инсуфициенција. Доколку имате блага или умерена инсуфициенција, лекарот може да ви препорача продолжување на растојанието помеѓу дозите. Постари пациенти Кај постари пациенти (над 75 години), излачувањето на трамадол може да биде одложено. Во таков случај, лекарот може да ви препорача продолжување на растојанието помеѓу дозите. Доколку имате повеќе од 75 години, не се препорачува да земате повеќе од 300 mg дневно. Советувајте се со лекарот за прилагодувањата на дозирањето.
Браилово писмо
Да