Име на лекот (кирилица):
УЛТОП
Име на лекот (латиница):
ULTOP
EAN код:
3838989509750
Генеричко име
omeprazole
АТЦ
A02BC01
Фармацевтска форма
капсула, тврда
Јачина
20 mg
Пакување
14 капсули (блистер 2 x 7)/кутија
Состав
1 капсула содржи: омепразол . . . 20 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија, Temmter Werke GmbH, Минхен, Германија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-6461/13
Датум на решение
28.11.2013
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
113.58
Големопродажна цена без ДДВ
85.79
Референтна цена
46
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
75949
Проширен АТЦ
A02BC01001
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Возрасни: За лекување на симптоми на ГЕРБ како жегавица (пироза) и враќање на киселина од желудникот во устата (регургитација): ­ Доколку вашиот лекар утврдил дека имате слабо оштетување на хранопроводот, вообичаена доза е 20 mg Ултоп еднаш дневно во период од 4 до 8 недели. Доколку хранопроводот не ви е целосно заздравен, вашиот лекар може да ви препорача доза од 40 mg во следните 8 недели. ­ Вообичаена доза откако хранопроводот ќе заздрави е 10 mg еднаш дневно. ­ Доколку хранопроводот не ви е оштетен, вообичаена доза е 10 mg еднаш дневно. За лекување на чир во горниот дел од цревата (дуоденален улкус): ­ Вообичаена доза е 20 mg еднаш дневно во период од 2 недели. Вашиот лекар може да ви препорача да ја земате истата доза уште 2 недели ако чирот се уште не е заздравен. ­ Доколку чирот не заздрави целосно, дозата може да се зголеми на 40 mg еднаш дневно во период од 4 недели. За лекување на чир на желудникот (гастричен улкус): ­ Вообичаена доза е 20 mg еднаш дневно во период од 4 недели. Вашиот лекар може да ви препорача да ја земате истата доза уште 4 недели ако чирот се уште не е заздравен. ­ Доколку чирот не заздрави целосно, дозата може да се зголеми на 40 mg еднаш дневно во период од 8 недели. За спречување на повторна појава на чир на дванаесетпалачното црево и на желудникот: ­ Вообичаена доза е 10 mg или 20 mg еднаш дневно. Вашиот лекар може да ви ја зголеми дозата до 40 mg еднаш дневно. За лекување на чир на дванаесетпалачното црево и на желудникот предизвикан од НСАИЛ (нестероидни против воспалителни лекови): ­ Вообичаена доза е 20 mg еднаш дневно во период од 4–8 недели. За спречување на повторна појава на чир на дванаесетпалачното црево и на желудникот ако земате НСАИЛ: ­ Вообичаена доза е 20 mg еднаш дневно. За лекување на чиреви предизвикани од инфекција со Helicobacter pylori и за спречување на нивно повторување: ­ Вообичаена доза е 20 mg од лекот Ултоп два пати дневно во период од 1 недела. ­ Вашиот лекар ќе ви препорача да земате и два антибиотика помеѓу: амоксицилин, кларитромицин и метронидазол. За лекување на прекумерното лачење на киселина во желудникот предизвикано од тумор во панкреасот (Zollinger-Ellison синдром): ­ Вообичаена доза е 60 mg еднаш дневно. ­ Вашиот лекар ќе ви ја прилагоди дозата во зависност од вашите потреби и ќе одлучи колку долго ќе треба да го земате лекот. Деца: За лекување на симптоми на ГЕРБ како што се жегавица (пироза) и враќање на киселина од желудникот во устата (регургитација): ­ Деца над 1 година и со телесна тежина повеќе од 10 kg може да го земаат лекот Ултоп. Дозата кај деца се базира на телесната тежина на детето и лекарот ќе одлучи која доза е соодветна. За лекување на чиреви предизвикани од инфекција со Helicobacter pylori и за спречување на нивно повторување: ­ Децата над 4 години може да го земаат лекот Ултоп. Дозирањето кај децата е врз основа на телесната тежина на детето и лекарот ќе одлучи која доза е соодветна. ­ Лекарот на вашето дете ќе му препише и два антибиотика, амоксицилин и кларитромицин.
Браилово писмо
Да