Име на лекот (кирилица):
АПАУРИН
Име на лекот (латиница):
APAURIN
Фармацевтска форма
обложена таблета
Пакување
30 обложени таблети (блистер 2 х 15)/кутија
Состав
1 обложена таблета содржи:
диазепам . . . 5 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија, Merck KgaA&Co. Werk Spittal , Шпитал, Австрија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
12.05.2016
Малопродажна цена со ДДВ
42.31
Големопродажна цена без ДДВ
31.48
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозирањето е индивидуално и зависи од болеста на пациентот, тежината на симптомите и од возраста.
Возрасни
Анксиозност: Препорачани дози се од 2 mg до 10 mg, 2 до 3 пати дневно.
Несоница: Препорачани дози се од 4 mg до 10 mg навечер, пред легнување.
Мускулни грчеви: Препорачани дози се од 2 mg до 10 mg, 3 пати дневно.
По 1 до 2 недели, вашиот лекар може да ви ја намали дозата и лекот да го земате еднаш дневно, вообичаено навечер.
Лекувањето вообичаено трае од неколку дена до неколку недели.
Постари пациенти, пациенти со нарушувања на црниот дроб и/или бубрезите
Вашиот лекар може да ви препорачапониски дози. Препорачана доза е 2 mg еднаш до два пати дневно.
Деца над 6 месеци
Препорачана доза е една таблета од 2 mg, 2 до 3 пати дневно.
Не се препорачува употреба на лекот Апаурин во облик на таблети кај деца до 6 месеци.