Име на лекот (кирилица):
СИНТРОМ
Име на лекот (латиница):
SINTROM
Генеричко име
acenocoumarol
Фармацевтска форма
таблета
Пакување
20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
аценокумарол . . . 4 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
Merus Labs Netherlands B.V., Мастрихт, Холандија, FAMAR A.V.E., Антуза - Атика, Грција
Местa на производство
FAMAR A.V.E., Антуза - Атика, Грција, Novartis Farma S.p.A., Торе Анунзиата, Италија
Носител на одобрение
Европа Лек Фарма ДООЕЛ
Број на решение
11-1729/14
Датум на решение
01.11.2016
Датум на важност
25.08.2021
Малопродажна цена со ДДВ
95.02
Големопродажна цена без ДДВ
70.7
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
RS
Дозирање
Дозирањето и времетраењето на терапијата со Синтром ќе бидат одредени од страна на Вашиот лекар. Редовно ќе се спроведуваат контролни испитувања на крвта, за да се направи проценка каква е брзината на коагулација. Ова ќе му помогне на Вашиот лекар да ја определи дневната доза на Синтром што треба да ја земате.
Внимателно следете ги упатствата на Вашиот лекар. Не надминувајте ја препорачаната доза.
Колку Синтром да земате
Вашиот лекар точно ќе ви каже колку таблети Синтром да земате.
Во зависност од дејството кое го има лекувањето, Вашиот лекарот може да Ви ја зголеми или намали дозата.
Осетливоста кон антикоагуланси е индивидуална и може да се промени за време на третманот или во случај на промена во режимот на исхрана, особено ако вклучите храна богата со витамин К (пр. спанаќ и претставници на семејството зељести растенија). Вашиот лекар треба периодично да го следи Вашето подобрување и да ја прилагодува дозата според индивидуалните потреби. Придржувајте се строго на препораките на Вашиот лекар. Не прекинувајте нагло со земањето на лекот и не ја менувајте дозата по сопствена волја.
Информирајте го Вашиот лекар, стоматолог или фармацевт дека го земате овој лек при секоја посета.