Име на лекот (кирилица):
АПАУРИН
Име на лекот (латиница):
APAURIN
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање или инфузија
Пакување
10 ампули х 2 ml (блистер 2 х 5)/кутија
Состав
2 ml раствор (1 ампула) содржи:
диазепам . . . 10 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Тригоник со силно дејство
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
12.05.2016
Малопродажна цена со ДДВ
90.47
Големопродажна цена без ДДВ
73.4
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирањето треба да биде индивидуално и да се прилагоди во зависност од видот на заболувањето. При акутни состојби, дозата може да се повтори по 1 час, инаку вообичаениот дозен интервал изнесува 4 часа. Пониски дози (2 mg до 5 mg) и побавно зголемување на дозите се препорачуваат кај постари и слаби пациенти како и при истовремена администрација со други седативи.
Акутна анксиозност и агитација
Доза од 5 mg до 10 mg диазепам се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, дозата може да се повтори по 4 часа.
Делириум тременс
Доза од 10 mg до 20 mg диазепам се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, доза од 5 mg до 10 mg може да се повторува на секои 4 часа.
Статус епилептикус
Возрасни: Доза од 0,15 mg до 0,25 mg на kg телесна тежина бавно се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, дозата може да се повтори по 30 до 60 минути или да се даде во долготрајна инфузија (максимална доза е 3 mg на kg телесна тежина за 24 часа).
Деца на возраст од 30 дена до 5 години: Доза од 0,2 mg до 0,5 mg бавно се администрира во вена на секои 2 до 5 минути до вкупно 5 mg.
Деца постари од 5 години: Доза од 1 mg бавно се администрира на секои 2 до 5 минути во вена се до вкупно 10 mg. Кога е потребно, дозата може да се повтори по 2 до 4 часа.
Тетанус
Возрасни: Доза од 0,1 mg до 0,3 mg на kg телесна тежина бавно се администрира во вена на интервали од 1 до 4 часа или 3 до 4 mg на kg телесна тежина во долготрајна инфузија за 24 часа.
Деца на возраст од 30 дена до 5 години: Доза од 1 mg до 2 mg се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, дозата може да се повторува на секои 4 часа.
Деца постари од 5 години: Доза од 5 mg до 10 mg се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, дозата може да се повторува на секои 4 часа.
Акутни мускулни спазми
Доза од 10 mg до 20 mg се администрира во вена или мускул еднаш до два пати дневно (кај деца, 2 mg до 10 mg).
Гинекологија
Прееклампсија: На почетокот, доза од 10 mg до 20 mg бавно се администрира во вена, пратено со орална доза од 5 mg до 10 mg, 3 пати дневно.
Еклампсија: На почетокот, доза од 10 mg бавно се администрира во вена, пратено со долготрајна инфузија (до 100 mg за 24 часа).
Плацента превиа: Доза од 10 mg до 20 mg бавно се администрира во вена или мускул. Кога е потребно, дозата може да се повтори.
Трудови: Доза од 10 mg до 20 mg се администрира во вена или мускул кога цервиксот е проширен два до три прста.
Анестезија, дијагностички процедури, премедикација
Доза од 10 mg до 20 mg (деца, 2 mg до 10 mg) се администрира еден час пред закажаната операција.
Индукција на анестезија
Доза од 0,2 mg до 0,5 mg на kg телесна тежина бавно се администрира во вена.
Кардиоверзија ,ендоскопија, радиолошки испитувања и помали хируршки процедури
Доза од 10 mg до 30 mg бавно се администрира во вена (деца, 0,1 mg до 0,2 mg на kg телесна тежина).