Име на лекот (кирилица):
ДУЛКОЛАКС
Име на лекот (латиница):
DULCOLAX
Фармацевтска форма
супозиторија
Пакување
6 супозитории (AlPE лента х 6)/кутија
Состав
1 супозиторија содржи:
бисакодил . . . 10 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава и без лекарски рецепт (БР).
Производители:
Istituto de Angeli S.R.L., Фиренца, Италија
Носител на одобрение
ХЕМОФАРМ КОМЕРЦ ХЕМОФАРМ КОНЦЕРН и др. доо
Број на решение
11-10590/2
Датум на решение
09.12.2021
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Краткотрајна терапија на констипација:
Возрасни и деца постари од 10 години: 1 супозиторија (10mg) за моментално дејство.
Деца на возраст од 4-10 години: 1 супозиторија (5 mg) за моментално дејство. Се препорачува терапијата да се почне со најниската доза. Дозата може да се прилагодува се до максималната препорачана доза која доведува до регуларно празнење. Максималната дневна доза не смее да се надмине.
При терапија на констипација, кога повторно ќе се воспостави редовно празнење, dпотребно е дозата да се редуцира и применатата може да се прекине.
Деца на возраст од 10 години или помали со хронична и упорна констипација смеат да се лекуваат само под надзор на лекар. Бисакодил не смее да се употребува кај деца на возраст од 4 години или помали.
За припрема за дијагностички процедури и преоперативно
Возрасни и деца постари од 10 години: се препорачуваат 2 гастрорезистентни таблети (10 mg) наутро и 2 гастрорезистентни таблети (10 mg) навечер и 1 супозиторија (10 mg) следното утро.
Деца на возраст од 4-10 години: се препорачува 1 гастрорезистентна таблета(5 mg) навечер и 1 супозиторија (5 mg) следното утро.