Име на лекот (кирилица):
ДУФЛАЗОН
Име на лекот (латиница):
DIFLAZON
EAN код:
3838989564612
Генеричко име
fluconazole
АТЦ
J02AC01
Фармацевтска форма
раствор за инфузија
Јачина
2 mg/1 ml
Пакување
стаклено шише х 100 ml/кутија
Состав
1 ml раствор содржина: флуконазол . . . 2 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
11-9865/2
Датум на решение
27.09.2017
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
395.23
Големопродажна цена без ДДВ
294.07
Референтна цена
647.62
Позитивна листа:
Не
Фондовска шифра
960659
Проширен АТЦ
J02AC01006
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Овој лек ќе ви биде даден од страна на вашиот лекар или медицинска сестра како бавна инјекција (инфузија) во вена. Лекот Дифлазон е во форма на раствор. Тој не треба дополнително да се разредува. Има дополнителни информации за здравствените работници на крајот на ова упатство. Вообичаените дози на лекот за различни инфекции се наведени подолу. Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт доколку не сте сигурни зошто ви се дава лекот Дифлазон. Возрасни Состојба Доза За лекување на криптококен менингитис 400 mg првиот ден, а потоа 200 mg до 400 mg еднаш на ден во тек на 6 до 8 недели или подолго доколку е потребно; понекогаш дозите се зголемуваат до 800 mg За спречување на повторна појава на криптококен менингитис 200 mg еднаш дневно додека не ви кажат да престанете За лекување на кокцидиоидомикоза 200 mg до 400 mg еднаш дневно во тек на 11 до 24 месеци или подолго доколку е потребно; понекогаш дозите се зголемуваат до 800 mg За лекување на внатрешни габични инфекции предизвикани од кандида 800 mg првиот ден, потоа 400 mg еднаш дневно додека не ви кажат да престанете За лекување на мукозни инфекции кои ја зафаќаат слузницата на устата и грлото и ткивата кои се во допир со стоматолошките протези 200 mg до 400 mg првиот ден, потоа 100 mg до 200 mg додека не ви кажат да престанете За лекување на мукозна кандидијаза - дозата зависи од тоа каде се наоѓа инфекцијата 50 mg до 400 mg еднаш дневно во рок од 7 до 30 дена додека не ви кажат да престанете За да ги спречите мукозните инфекции кои ја зафаќаат слузницата на устата и грлото 100 mg до 200 mg еднаш дневно, или 200 mg 3 пати неделно, се додека постои ризик од добивање на инфекција За спречување на појава на инфекција предизвикана од кандида (ако вашиот имунолошки систем е ослабен и не функционира правилно) 200 mg до 400 mg еднаш дневно, се додека постои ризик од добивање на инфекција Адолесценти на возраст од 12 до 17 години Следете ја дозата препорачана од вашиот лекар (дозирање за возрасни или за деца). Деца на возраст до 11 години Максималната доза за децата е 400 mg на ден. Дозата треба да се прилагоди според телесната тежина на детето во килограми. Состојба Доза За лекување на мукозна кандидијаза и инфекции на грлото предизвикани од кандида - дозата и времетраењето зависат од сериозноста на инфекцијата и од тоа каде се наоѓа инфекцијата 3 mg на kg телесна тежина (6 mg на kg телесна тежина може да се даде првиот ден) За лекување на криптококен менингитис или внатрешни габични инфекции предизвикани од кандида 6 mg до 12 mg на kg телесна тежина За спречување на појава на инфекција кај децата предизвикана од кандида (ако нивниот имунолошки систем е ослабен и не функционира правилно) 3 mg до 12 mg на kg телесна тежина Употреба кај деца на возраст од 0 до 4 недели Употреба кај деца на возраст од 3 до 4 недели Се користи иста доза, како погоре, но се дава еднаш на секои 2 дена. Максималната доза е 12 mg на kg телесна тежина на секои 48 часа. Употреба кај деца на возраст до 2 недели Се користи иста доза, како погоре, но се дава еднаш на секои 3 дена. Максималната доза е 12 mg на kg телесна тежина на секои 72 часа. Лекарите понекогаш препорачуваат различни дози од наведените. Секогаш користете го лекот Дифлазон точно онака како што ви кажал вашиот лекар. Ако не сте сигурни треба да се советувате со вашиот лекар или фармацевт.
Браилово писмо
Не