Име на лекот (кирилица):
ЛОРИСТА
Име на лекот (латиница):
LORISTA
EAN код:
3838989609504
Генеричко име
losartan
АТЦ
C09CA01
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Јачина
25 mg
Пакување
28 таблети (блистер 2 х 14)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи: лосартан калиум . . . 25 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
Sunshine Lake Pharma Co.Ltd., Донгуан, Кина, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
11-9027/2
Датум на решение
15.11.2019
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
160.97
Големопродажна цена без ДДВ
125.93
Референтна цена
125.93
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
Проширен АТЦ
C09CA01003
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
RS
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Возрасни пациенти со висок крвен притисок Терапијата вообичаено започнува со 50 mg лосартан (една таблета Лориста од 50 mg) еднаш дневно. Максималното дејство на намалување на крвниот притисок треба да се постигне во период од 3 до 6 недели по почетокот на третманот. Кај некои пациенти дозата подоцна може да се зголеми до 100 mg лосартан (две таблети Лориста од 50 mg или една таблета Лориста од 100 mg) еднаш дневно. Ако имате чувство дека дејството на лосартан е премногу силно или премногу слабо, Ве молиме советувајте се со вашиот лекар или фармацевт. Деца и адолесценти на возраст од 6 до 18 години Препорачаната почетна доза кај пациенти со тежина помеѓу 20 и 50 kg е 0,7 mg лосартан на килограм телесна тежина администрирана еднаш дневно (до 25 mg од лекот Лориста). Лекарот може да ја зголеми дозата доколку крвниот притисок не може да се контролира. Возрасни пациенти со висок крвен притисок и дијабетес мелитус тип 2 Терапијата вообичаено започнува со 50 mg лосартан (една таблета Лориста од 50 mg) еднаш дневно. Дозата подоцна може да се зголеми до 100 mg лосартан (две таблети Лориста од 50 mg или една таблета Лориста од 100 mg) еднаш дневно, во зависност од одговорот на вашиот крвен притисок. Лекот Лориста може да се администрира со други лекови за намалување на крвниот притисок (на пример, диуретици, блокатори на калциумовите канали, алфа или бета блокатори и лекови со дејство на централниот нервен систем), како и со инсулин и други лекови кои вообичаено се користат за намалување на нивото на шеќер во крвта (на пример сулфонилуреа, глитазони и инхибитори на глукозидаза). Возрасни пациенти со срцева слабост Терапијата вообичаено започнува со една таблета Лориста од 12,5 mg еднаш на ден. Општо земено, дозата треба да се зголемува неделно, чекор по чекор (односно 12,5 mg на ден во текот на првата недела, 25 mg на ден во текот на втората недела, 50 mg на ден во текот на третата недела, 100 mg на ден во текот на четвртата недела, 150 mg на ден во текот на петтата недела) до дозата на одржување што е утврдена од страна на вашиот лекар. Еднаш дневно може да се користи максимална доза од 150 mg лосартан (на пример, три таблети Лориста од 50 mg или една таблета Лориста од 100 mg и една таблета Лориста од 50 mg). При терапијата на срцева слабост, лосартан обично се комбинира со диуретици (лекови кои ја зголемуваат количината на вода што се исфрла преку бубрезите) и/или дигиталис (лек кој го зајакнува и подобрува работењето на вашето срце) и/или некој бета блокатор. Дозирање кај посебни групи на пациенти Вашиот лекар може да ве советува за пониска доза, особено кога ќе се започне терапија кај одредени пациенти, кои што се третирани со високи дози на диуретици, кај пациенти со нарушување на црниот дроб, или кај пациенти на возраст над 75 години. Употребата на лосартан не се препорачува кај пациенти со тешко хепатално нарушување (погледнете во точка "Немојте да го земате лекот Лориста").
Браилово писмо
Да