Име на лекот (кирилица):
ВАЛСАКОР
Име на лекот (латиница):
VALSACOR
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
28 таблети (блистер 4 х 7)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
валсартан . . . 40 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
10.04.2018
Малопродажна цена со ДДВ
155.77
Големопродажна цена без ДДВ
115.9
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Деца и адолесцени (на возраст од 6 до 18 години) со висок крвен притисок
Кај пациентите со телесна тежина до 35 kg, вообичаена доза е 40 mg валсартан еднаш дневно.
Кај пациентите со телесна тежина од 35 kg или повеќе, вообичаена почетна доза е 80 mg валсартан еднаш дневно.
Во некои случаи, лекарот може да ви препише повисока доза (дозата може да се зголеми до 160 mg и максимално до 320 mg).
Возрасни пациенти по скорешен срцев удар
По прележан срцев удар, лекувањето вообичаено се започнува веќе по 12 часа, најчесто со ниска доза од 20 mg два пати дневно. Дозата од 20 mg се добива со делење на таблетите од 40 mg. Вашиот лекар постепено ќе ви ја зголемува дозата во период од неколку недели до максимално 160 mg два пати дневно. Крајната доза зависи од подносливоста на секој пациент поединечно.
Лекот Валсакор може да се даде заедно со други лекови за лекување на срцев удар. Вашиот лекар ќе одлучи кој лек е соодветен за вас.
Возрасни пациенти со срцева слабост
Лекувањето вообичаено започнува со доза од 40 mg два пати дневно. Вашиот лекар постепено ќе ви ја зголемува дозата во период од неколку недели до максимално 160 mg два пати дневно. Крајната доза зависи од подносливоста на секој пациент поединечно.
Лекот Валсакор може да се даде заедно со други лекови за лекување на срцева слабост. Вашиот лекар ќе одлучи кој лек е соодветен за вас.
Лекот Валсакор можете да го земате независно од храната. Голтнете ја таблетата со чаша вода. Земајте го лекот Валсакор секој ден во исто време.