Име на лекот (кирилица):
ХЕЛЕКС СР
Име на лекот (латиница):
HELEX SR
Фармацевтска форма
таблета со модифицирано ослободување
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
алпразолам . . . 1 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија, KRKA FARMA d.o.o. , Јастребарско, Хрватска
Местa на производство
Osmopharm S.A., , Швајцарија, KRKA FARMA d.o.o. , Јастребарско, Хрватска
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-7145/12
Датум на решение
29.11.2012
Малопродажна цена со ДДВ
209.44
Големопродажна цена без ДДВ
155.83
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозирањето е индивидуално. Лекарот ќе ви ја препише оптималната доза. Во случај да настанат сериозни несакани дејства по земање на почетната доза, веднаш кажете му на вашиот лекар и тој/таа ќе ви ја намали дозата.
Немојте да ги џвакате или кршите таблетите; голтнете ги цели со малку течност.
Лекување на анксиозни состојби
Возрасни
Препорачана почетна доза на лекот Хелекс СР е 1 mg дневно, дадена во една или две дози. Дозите може да се зголемат до максимална дневна доза од 4 mg, дадена во една или две дози.
Постари пациенти
Препорачана почетна доза на лекот Хелекс СР кај постари пациенти е 0,5 mg до 1 mg дневно, дадена во една или две дози. Препорачана доза е 0,5 mg до 1 mg дневно; ако е неопходно, дозата може постепено да се зголемува во зависност од подносливоста на пациентот.
Лекување на панични нарушувања
Возрасни
Препорачана почетна доза на лекот Хелекс СР, е 0,5 mg до 1 mg, земена пред спиење. Просечна дневна доза е 3 mg до 6 mg, дадена во една или две дози. При клиничките студии, максималната дневна доза од 10 mg дневно, била потребна само во исклучителни случаи и кај мал број на пациенти.
Дневната доза на лекот Хелекс СР може да се зголеми за најмногу 1 mg на секои три до четири дена.
Постари пациенти
Препорачана почетна доза на лекот Хелекс СР кај постари пациенти е 0,5 mg до 1 mg дневно, дадена во една или две дози. Препорачана доза е 0,5 mg до 1 mg дневно; ако е неопходно, дозата може постепено да се зголемува во зависност од подносливоста на пациентот.
Пациенти со заболувања на црниот дроб или бубрезите
Дозирањето е исто како кај постарите пациенти.
Употреба кај деца
Безбедноста и ефикасноста на овој лек кај деца и адолесценти до 18 годишна возраст не е утврдена. Не се препорачува употреба на лекот Хелекс СР кај деца.