Име на лекот (кирилица):
НОЛПАЗА
Име на лекот (латиница):
NOLPAZA
Генеричко име
pantoprazole
Фармацевтска форма
гастрорезистентна таблета
Пакување
28 таблети (блистер 2 х 14)/кутија
Состав
1 таблета содржи:
пантопразол натриум сесквихидрат . . . 22,55 mg
(еквивалентен на 20 mg пантопразол)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
TAD Pharma GmbH , Куксхавен, Германија, KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Местa на производство
LAURUS LABS Limited, Висакапатнам (Андра Прадеш), Индија, KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
12.09.2017
Малопродажна цена со ДДВ
247.3
Големопродажна цена без ДДВ
184
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Кога и како треба да го земате лекот Нолпаза
Земете ги таблетите 1 час пред оброкот без да ги џвакате или кршите, и голтнете ги цели со малку вода.
Освен ако вашиот лекар не ви кажал поинаку, вообичаената доза е:
Возрасни и адолесценти на возраст над 12 години:
За лекување на симптомите (на пример, жегавица, враќање на киселина од желудникот во хранопроводот, болка при голтање) поврзани со гастро-езофагеален рефлукс
Вообичаената доза е една таблета дневно. Оваа доза обично ги олеснува симптомите во рок од 2 до 4 недели, а најмногу по дополнителни 4 недели. Вашиот лекар ќе ви каже колку долго треба да го земате на лекот. По овој период, секое повторување на симптомите може да се контролира со земање на една таблета дневно, по потреба.
За долгорочна контрола и спречување на враќање на рефлуксен езофагитис
Вообичаената доза е една таблета дневно. Ако се повторат симптомите на болеста, вашиот лекар може да ви ја удвои дозата, во овој случај како замена можете да користите таблети Нолпаза од 40 mg, еднаш дневно. По лекувањето, можете повторно да ја намалите дозата на една таблета од 20 mg на ден.
Возрасни:
За спречување на појава на чиреви на желудниот и на дванаесетпалечното црево кај пациенти на кои им е потребна континуирана терапија со НСАИЛ.
Вообичаената доза е една таблета дневно.
Посебни групи на пациенти:
Ако имате сериозни проблеми со црниот дроб, не треба да земате повеќе од една таблета од 20 mg дневно.
Употреба кај деца и адолесценти
Деца на возраст до 12 години.
Овие таблети не се препорачуваат за употреба кај деца на возраст до 12 години.