Име на лекот (кирилица):
ГЛИКЛАДА
Име на лекот (латиница):
GLICLADA
Фармацевтска форма
таблета со модифицирано ослободување
Пакување
30 таблети (блистер 2 х 15)/кутија
Состав
1 таблета со модифицирано ослободување содржи:
гликлазид . . . 30 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
20.10.2017
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање
Секогаш земајте го лекот Гликлада точно онака како што ви препорачал вашиот лекар. Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт ако не сте сигурни.
Дозата се одредува од страна на вашиот лекар во зависност од нивото на шеќер во вашата крв и можеби во урината.
Промената во надворешните фактори (на пример, намалување на телесната тежина, промени во начинот на живот, стресот) или подобрување на контролата на шеќерот во крвта, може да бараат промени во дозите на гликлазид.
Препорачаната доза е од 30 mg (една таблета Гликлада од 30 mg) до максимум 120 mg (4 таблети Гликлада од 30 mg) земени како една доза за време на појадокот.
Бројот на таблети што ќе ги земате зависи од вашиот одговор на лекувањето.
Доколку се иницира комбинирана терапија на лекот Гликлада со метформин, инхибитори на алфа-глукозидаза, тиазолидиндион, инхибитор на дипептидил пептидаза-4, GLP-1 рецепторен агонист, или инсулин, вашиот лекар ќе ја утврди соодветната доза на секој лек поединечно.